Сузана Гавазова е една од ретките македонски пејачки за кои не е потребно да се трошат многу зборови. Таа е докажана на музичката сцена во Македонија, но и ширум дијаспората.
За тоа сведочат неброено многуте настапи кои едноподруго ги одржува откако олабавија мерките. Зад себе има голем број на турнеи не само во Америка, туку и во Канада, Австралија, Холандија, Швајцарија, Германија, а минатиот месец за првпат и во Данска.
Покрај својата музичка дарба, од почетокот на кариерата се издвојува и со физичкиот изглед. Од споделените фотографии и видеа е јасно дека посветува внимание и ја одржува нејзината фигура.
Популарната Сузе има многу обожаватели кои го следат секој нејзин чекор, а таа свесна за својата популарност, вокални и физички квалитети, не ги остава фановите без да ги почести со некој новитет на социјалните мрежи.
Освен што е одличен музичар, таа е и фамилијарен човек и често знае во јавноста да сподели моменти од приватниот живот.
Во брак е со Јасмин Курузовиќ, Босанец кој долги години живеел и работел во Шведска. Тие се запознале за време на нејзина турнеја, и по само еден месец тој ја побарал нејзината рака.
Иако живееја шест години во Шведска, сепак решија да се вратат во Македонија, заедно со сопругот и двете ќерки. Таа често ги пакува куферите и заминува на настап, а нејзиниот сакан и е верен придружник.
За Сузе е познато дека на вистински начин знае да донесе македонска народна песна со нејзината интерпретација но и да испее авторска песна.
Дека е среќна, исполената и задоволна жена, Сузе тоа постојано го покажува и докажува преку честите објави на социјалните мрежи и интервјуата во медиумите.
Како што рековме погоре во текстот Сузе внимава на својот изглед и се труди да остане во најдобра форма, па така вчера реши да спортува во природа.
Таа на својот профил на Инстаграм објави стори во кое се гледа како е облечена спортски, во тренарка нагоре и краток шорц надолу.