Mанекенката Дунавка Трифуновска и Ване Цветанов, претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата, се верија на почетокот на минатата година година.
Како што е познато Дунавка и Ване се во врска од пред две лета кога уживаа заедно на одмор во Турција.
Овој пар важи за еден од најпознатите на македонската јавна сцена со оглед на тоа што се луѓе од јавната сфера.
Двајцата често на социјалните мрежи ја искажуваат својата љубов преку објави во вид на статуси и фотографии, а и често заедно патуваат.
Токму затоа тие се привлечни за медиумите и публиката која како и за многу други познати јавни личности, сака да дознае нешто повеќе, пред се од приватниот живот.
Неодамна Ване Цветанов во својата честитка за роденденот на Дунавка уште еднаш покажа колку е вљубен во неа и со одбрани и романтични зборови и порача:
На денешен ден, покрај други добри луѓе се родени и близнаци,.. машко и женско. Челичната лејди, Дунавка Трифуновски е женското бебе кое што станало ангел.
Ангел од Бог испратен, кој што ми покажа нови духовни хоризонти, дека со силна љубов се е возможно.
Ти си таа која што ме инспирира, мотивира, и сака на најуникатниот префинет начин, а јас те сакам дупло, си знаеш љубов.
Нека ти е среќен роденденот, да го славиш уште многу децении, а секој нов роденден да бидеш се повеќе среќна и вљубена.
Денес повторно оваа двојка имаше причини за прослава, а тоа е годишницата од нивниот брак, па по овој повод Дунавка на фејсбук напиша:
-Среќна годишнина љубави. Привилегија ми е да те следам во се како твоја. Потебе, 09.03.2021
Освен на фејсбук, Дунавка сподели и објави на својот профил на Инстаграм