(ФОТО) Андријана, сопругата на Љупчо Николовски заблеска крај него: Ни претставува голема чест

  • By admin
  • јуни 24, 2022
  • 0
  • 395 Views

Љупчо Николовски, актуелниот Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство често знае да го сврти вниманието кон себе и да биде актуелен во јавноста.

Како и за секој политичар и јавна личност, така и за Љупчо јавноста секогаш сака да дознае нешто плус за неговиот приватен живот.

Тој често на својот профил редовно објавува и фотографии од својата понежна половина, која е вистинска убавица.

Тие пред да запловат во брачните води неколку години беа во врска, која мораа да ја прекинат, кога Андријана замина за Словенија.

Таа тогаш работеше во меѓународна компанија, со седиште во Љубљана, а по неколку години разделен живот, случајно ќе се сретнат на први јануари 2019, кога ќе сфатат дека се уште постои љубов помеѓу нив и ќе продолжат со нивната врска.

Николовски ја запроси Андријана во словенечкото гратче Порторож покрај брегот на Јадранско Море, познато туристичко место, чие име во превод значи пристаниште на розите.

Пред некој ден Министерот Николовски повторно се појави во јавноста со својата понежна половина и притоа напиша:

Ни претставува голема чест, на мене и на мојата сопруга Андријана, да присуствуваме на настан по повод националниот ден на Словенија и словенечката арм ија, како и 30 години дипломатски односи помеѓу нашите две држави.

Словенија е наш безрезрвен поддржувач и значаен партнер, нашата 30 годишна успешна трговска и билатерална соработка продолжуваме да ја негуваме и унапредуваме.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.