(ФОТО) Алачки одлета од Македонија: Одам на место на кое ќе се соберат најголемите светски

  • By admin
  • ноември 2, 2022
  • 0
  • 331 Views

Долги години Адријана Алачки важеше за позната македонска пејачка, но сега најмногу ја препознаваат како водителка, но како и да со години наназад остана да биде добро препознатлив лик пред тв камерите.

Адријана Алачка од пејачка, се префрли во водителството и продолжи како ТВ водителка на кулинарското шоу „Вкусот на традицијата“.

Токму емисија „Вкусот на традицијата“ е нешто по кое ја препознаваат и важи за заштитно лице. Алачки често на Фејсбук споделува моменти од снимањето на емисијата во кое е очигледно дека ужива.

Освен како успешна пејачка и автор на емисијарта „Вкусот на традицијата“, Алачки е позната и како автор на книгата „Македонски традиционален готвач“. Неодамна, таа најави дека наскоро ќе излезе и второто издание.

На прватен план Адријана Алачки од бракот со Горан Алачки ги има децата Грациела и Благоја, а пред неколку години стана и баба на преслатката Јана.

Надвор од професионалните обврски, познатата пејачка на народна македонска музика е посветена мајка и баба.

Алачки поради своите работни обврски често патува, дали тоа било преку границите, дали тоа на територија на Македонија.

Преку својата емисија таа за првпат посети многу места, пред се села и локали, но и запознат многу нови луѓе со кои разви пријателства.

Овојпат Алачки се спакува и се одјави од скопскиот аеродром за што објави на својот фејсбук профил, за да нешто подоцна објави и каде е:

Место на кое ќе се соберат најголемите светски гастрономи, хотел Нирвана Космополитен во Анталија, благодарност до Дон Давид и Оксана Дон Давид – напиша Алачки и објави дека е во Анталија, Турција.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.