,,Фиќото” на Никола не знае за доста: Во снежни услови и стрмни терени се искачува како од шега

  • By klaster2
  • февруари 23, 2022
  • 0
  • 460 Views

Слободно можеме да кажеме дека популарната ,,Застава” одбележа една ера и еден период од убаво живеење, поточно ,,Фиќото”

Авотмобил кој се покажа доста издржлив и компактабилен, приказна која трае се уште, автомобил кој е приврзан за срцата на многумина.

Дека навистина е точна изреката „се е можно кога сакаш“ ова е доказ за упорноста на Никола Раѓеновиќ, кој овој декември се реши на крајно необичен потфат – дека и покрај снегот и снежните патишта се обидел од Нови Сад да стигне до Јахорина со автомобил.

Но, не со било кој автомобил, туку со еден жолтото фиќо произведен во 1984 година, токму годината кога на оваа планина се одржаа легендарните Олимписки игри во Сараево.

А, верувале или не, Никола успеа во намерата да ги спои двете големи љубови – скијањето и автомобилизмот односно љубовта кон фиќото.

– Доцнев само 37 години на Олимпијадата – на шега напиша младиот Никола на својот Инстаграм профил кога пристигна на својата дестинација.

Овој човек шест години работел на своето жолто милениче за целосно да го доведе во ред, за да може да ги помине и најпребирливите растојанија.

Но и да научи да врши брзи и неопходни поправки, бидејќи има се помалку мајстори со искуство во поправка на толку стари автомобили.

– Фиќото го имам долги години, односно го имам наследнено од мојот дедо, па татко ми го возел а сега и јас, го одржувам во добра форма.

– За да опстане авотмобилот толку долго секако мора и да го негувате, односно да го менувате потрошниот материјал на време.

– Како и да внимавата на неговата каросерија, сум ,,студирал” на овој автомобил со години и му го знам што се вели секое делче.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *