Филипче: Во Македонија ќе се вакцинираат и по 7000 луѓе на ден

  • By admin
  • март 27, 2021
  • 0
  • 867 Views

Наместо во Македонија, масовната имунизација започна во Србија. Стотици автомобили со македонски граѓани утрово направија долга колона на Табановце.

Голем број на наши граѓани се одлучија да се вакцинираат во Ниш и Белград, бидејќи повеќе не можат да ја чекаат долго најавуваната имунизација во нашата држава.

На Табановце се чекаше и до 40 минути.Граѓаните на Македонија се одлучија преку електронска пријава на интернет страницата „Е управа“ да закажат вакцинација.Со маски и дистанца чекаа ред пред салата на белградскиот саем.

Ова е уште еден пријателски гест на Србија и е за поздравување. Тие ни донираа количина за здравствените работници а еве сега ги отвараат вратите и за другите граѓани што е еден добар гест и еден многу добар систем.

-Дополнителна рестрикција нема да даде плод затоа што вирусот е веќе раширен. Едноставно дополнителна рестрикција нема да даде резултат, изјави Филипче денес за ТВ Сител и додаде:

-Ние сме посветени тој систем на вакцинација да биде добро поставен, да оди брзо и ефикасно. Први ќе бидат повикани оние приоритени групи според националната програма.

Процесто на вакцинација мислам дека ќе започне во среда до кога би требало да се завршат сите процедури.

Некаде оптимално е од 4000 до 5000 луѓе да вакцинраме на ден, но може да стигнеме и до 7000 луѓе на ден во Македонија. Ќе се вакцинура во сегашните пунктови, еден дел во центрите за јавно здравје, и овој дел во спортската сала Борис Трајковски.

Таму ќе има еден голем пункт нешто слично како во Србија, како по примерите на Израел со што може што поголем број граѓани да се имунизраат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.