Филе Топки: Очигледно дека и во 2022 ќе морам да им се изнамочам

  • By admin
  • јануари 4, 2022
  • 0
  • 587 Views

Своевремено важеше за еден од најпознатите јавни ликов и еденод најдобрите македонски спортски новинараи.

Игор Филиевски познат како Филие Топки веќе низа години живее и работи надвор од Македонија.

Откако Филе Топки мина извесен период од животот во Барселона, Шпанија тој се вдомин во Малта каде што живеат и работат голем број Македонци.

Филе е доста активен на социјалните мрежи, па така на својот профил на фејсбук сподели статус во кој што вели:

Бидејќи ме познавал како Филе Топки, не сум смеел да коментирам за ништо друго сем спорт

А тоа што не знаел дека имам 4 награди за режија и три за глума од аматерските драмски смотри во Македонија.

Одиграни 13 театарски претстави со преку 100 изведби како аматер, на тетарските смотри и фестивали во Београд, Сараево, Загреб, Дубровник и Сплит, една монодрама.

Една наградена книга како поетско-прозно дело (философија во стих), две изложби (акрил на платно) и уште десетици проекти и настани надвор од спортот.

А да не ги додавам телевизиските проекти како ДУМ, Версус (која беше најгледаната емисија во своето време, првата од тој тип крис-крос или про ет контра емисии во МК).

Па Без Па ника и слични други во кои сум учествувал во ефективни работни активни 36 години (од животните 52 години досега)

И подобро да запрам, светот од адвертајзингот ќе го оставам за другпат, бидејќи чаршаф ќе стане постов… Ама не, јас за спорт да пишувам и да не таласам за политика, светски случувања, филм, музика и сл.

Е очигледно дека и во 2022 ќе морам да им се изнамочам на ваквите нуклеарно имбе цилни крете ноиди и токму таквиот тип деби ли ќе морам глатко, еднопотезно и без многу пењавења, да ги отстранувам од мојата мрежа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.