Трајче од Мерак Меана откако го снајде немил настан: Материјалното може да се надомести, најтешкиот дел е на моето семејство

  • By klaster3
  • октомври 1, 2022
  • 0
  • 412 Views

Пред неколку дена скопската кафеана Камин Кама чиј сопственик е музичарот Трајче Толевски, познат на естрадата како Трајче Мајка, изго ре до темел.

Трајче Толевски е познат музичар од групата „Скопски боеми“ и водител на емисијата „Мерак меана“. Веста Трајче ја сподели на Фејсбук, со неколку слики и порака дека ќе направи сè кафеаната пак да почне да работи.

„Ги известуваме сите гости дека поради градежни работи предизвикани како последица од пожарот што ја зафати ‘Камин Кама’, објектот нема да биде отворен за гости извесен период. За повторно отворање навремено ќе бидете известени. Ви благодариме за разбирањето“, напиша тој.

„Камин Кама“ се наоѓа во населбата Ѓорче Петров и е едно од омилените места на познатите пејачи од фолк естрадата каде што настапуваа но и се дружеа приватно.

Колегите и пријателите Трајче ен го оставија на цедило па уште веднаш се ангажираа колку што можат да споделат слики и да побараат донации за за сите да му помогнат на Толевски да ја реновира кафеаната.

По тој повод имаше потреба и самиот Трајче да се огласи на Фејсбук каде изрази голема благодарност за понудената помош.

„Три дена по пож арот во Камин Кама сеуште не стивнуваат реакциите на јавноста особено на моите пријатели од фолк естрадата кои во ресторанот беа чести гости.

Објектот не е осигуран од ваков вид шт ети и материјалната ште та е навистина огромна. И при овој немил настан уште еднаш се докажа вистинската врска со моите пријатели кои веднаш ја понудија својата помош и поддршка на што сум бескрајно благодарен.

Материјалната шт ета е огромна, но не би бил јас Трајче доколку не извлечам поука, дека материјалното може да се надомести доколку си опкружен со позитивната енергија на семејството и пријателите.

Морам да напоменам дека најтешкиот дел и одлуката за најскоро отварање на Камин Кама е на моето семејство Толевски. Камин Кама ќе биде повторно изградена.

Знам дека сите заедно ќе прославиме со добра песна за повторното отварање.“, напиша секогаш позитивниот Трајче познат како Трајче Мајка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.