Уште од најамала возраст децата за жал се на телефоните и на сличните уреди. Со цел да се ,,заиграат” и да бидат мирни решението родителите го пронаѓаат токму на тој начин.
Во подоцнежните години, децата развиваат свои желби и приспособености кон одредени работи и теми и постепено се оформуваат.
Но една доста интересна и несекојдневно случка има едно тригодишно дете, кое за разлика од своите врсници, прави нешто сосема различно.
Малиот Томи на само три години е посветен на фармата и тракторот. Родителите велат дека неговиот прв збор бил ,,трактор” па после ,,Мамо”
Томи Сумербал е петта генерација на фармери од неговото семејство кое потекнува од Обединетото Кралство, па не случјано и тој го наследил генот.
Неговата мајка Кети вели дека освен тракторот и фармата ништо друго не го интересира и не делува како останатите негови врсници.
Тој секое утро ги проверува кравите и ги пушта по надвор кокошките, им дава храна и едноставно сака да биде во друштво на животни.
– Првиот негов збор беше ,,Трактор” па потоа ,,Мамо” за жал, но што да правам не му се лутам вели неговата мајка на социјалните мрежи.
Тракторот го сака уште од првиот ден кога бил на него, а тоа се случило кога го качиле на него кога имал само два дена.
Уште од мали нозе се гледа дека ова храбро момче ќе биде вреден работник и човек кој ќе биде гордост на семејството и пример на многумина.