Толку беше: Менче Точи се повлече од новинарството и откри што ќе работи во иднина

  • By admin
  • јануари 27, 2022
  • 0
  • 407 Views

Една од најпознатите македонски новинарки со долгогодишно искуство, Менче Точи која беше водечка новинарка за здравство во нашата држава реши за промена на професијата.

Точи за оваа своја одлука се огласи преку профилот на фејсбук каде што кажа каде продолжува и зошто се откажала од новинарството.

Драги пријатели и не пријатели. Сакав да ви соопштам нешто јавно, кога ќе дојдеше момент. Но, бидејќи почнаа да сат анизираат на Твитер, на официјален документ на Агенција за администрација, ве известувам:

По многу години поминати во новинарството, по многу труд, непроспиени ноќи, работење и за празник и делник, безброј истражувања, добиени највисоки награди, вклучувајќи ја и таа за Животно дело.

Можеби е време моето знаење и искуство да го насочам на друго место каде ќе бидам од помош, кон институција која е клучна за осигурениците и лекарите- Фонд за здравствено осигурување.

Конкурирав регуларно, на оглас кој беше објавен во три дневни весници, ги поминав сите тестови и писмени и усни што беа за раководно лице и треба да раководам со секторот за односи со јавност.

Немаше друг пријавен за ова раководно место, односно немаше противкандидат за да ги одмериме си лите и бодовите во Агенцијата, кои кај мене како што се гледа и не се малку.

Уште сум на моето работно место во 24 тв, ќе заминам на новото кога ќе завршат процедурите.

Втора и многу важна работа која ме натера да се откажам од мојата голема љубов– новинарството, е токму ло шата состојба и непрофесионализмот кој се повеќе го има, а уште повеќе-добар дел од граѓаните со нивниот говор на ом раза и на вреди.

Иако, непосредно пак, ќе бидам поврзана со медиумите.Помогнав на многу луѓе, таму каде можеше, извршив при тисок да се сменат закони и некои работи во здравството.

Се надевам еден ден, по пензионирање, ако имам желба ќе се вратам со пишување колумни или емисија или пак, со книга.

Дотогаш, да сме здрави и живи! Ништо повеќе, не треба! Ви благодарам на поддршката.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.