Тамара, сопругата на Апасиев со лекција до нејзиното дете за оценките на училиште

  • By klaster3
  • јуни 24, 2022
  • 0
  • 462 Views

Деновиве низ медиумите нашироко се споделуваат и коментираат разо чарувачките резултати добиени на приемниот испит за средношколци во гимназијата „Орце Николов“ во Скопје.

Имено, во понеделникот во гимназијата за првпат се спроведуваше квалификационен приемен испит поради поголемиот број на пријавени ученици со сите петки.

Беа тестирани 292 ученици кои полагаа математика и македонски јазик за осмо одделение кога наставата беше онлајн и деветто одделение. Само околу 4% од учениците добиле оценка 5, а најголем е процентот, 45,55%, на оние кои добиле 3.

Јавноста не престанува да ги коментира поклонетите петки на учениците на кои моментално им се прави услуга при уписот, но реалноста е сосема поинаква. Својот став на Фејсбук го искажа и сопругата на Димитар Апасиев, Тамара која е факултетски професор.

„Лекцијата на моето дете за оценките на училиште: “Колку ќе научиш, толку ќе си добиеш. На крај памет не ми паѓа да одам во училиште да ти поправам оценки.

Тоа е погрешно и ште тно, пред се’за тебе, а потоа и за сите други. Ќе почнеш да веруваш дека знаеш повеќе отколку што знаеш и ќе стекнеш лажна самодоверба.

Во животот ќе ти се јават многу преди звици, кои со лажна самодоверба и незнаење, нема да можеш да ги решиш, па ќе почнеш да бараш нечесни начини да го постигнеш зацртаното.

Тоа ќе ти стане навика, а навиката потоа, ќе те одреди тебе и твоето однесување.Ако сите прават така, до каде ќе стигнеме!? Ти, каков човек сакаш да бидеш!? Со реално знаење или со лажна самодоверба? Што мислиш дека е подобро?

Потоа, размисли што треба да направиш, за да го постигнеш тоа што е исправно! На крај, не е важна оценката, туку што таа ти покажува – ако добиеш послаба, значи не си вложила доволно труд.

Размисли зошто. Ако добиеш одлична, значи дека го совладуваш потребниот материјал како што е предвидено. Продолжи така.“ Резултатот, преку еден пример:

Си доаѓа дома од училиште и ми вели “Мамо, денес на тестот по историја можев да препишувам, но не го сторив тоа. Вројатно ќе добијам 4, оти не се сетив на неколку информации. Си ја знам грешката, ќе ја поправам на следен час.”

Децата немаат потреба и не сакаат родителите да им ги поправаат оценките. Децата имаат потреба од насоки, разговор и создавање на корисни навики.

Родителите се тие кои сакаат да си креираат и оддржуваат слика за своето дете дека е најдобро, верувајќи дека така има поголеми шанси за успех во животот.

Но, наместо да му дадат вистинска шанса да стане човек преку процес на обиди, грешки, насочување и учење, всушност му ја одземаат шансата со барање лажни оценки и создавање на лажна самодоверба уште од најмали нозе, како и учење дека вината е секогаш на друго место.

Сакаме децата да ни бидат најдобри!? Тогаш, да ги научиме прво на вредности, а потоа другото ќе биде полесно и почесно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.