Тамара, сопругата на Апасиев сведочи за двајца млади од фамилијата кои викендов се отселија од државата

  • By klaster3
  • август 21, 2022
  • 0
  • 368 Views

Трендот на масовно иселување на работоспособното население од земјава е повеќегодишен и некако станува се поголем и поголем.

Според последните истражувања, речиси секој трет млад човек сака да се исели од Македонија. Најголема желба да се отселат имаат младите од Источниот регион, а најмала од Полошкиот.

Како причина за тоа е незадоволството од образовниот систем и недостигот на практична настава. Младите сметаат дека квалитетот на живеење може да се подобри преку доброто образование, можностите за вработување и намалување на коруп цијата.

Ова го покажува истражувањето на Агенцијата за млади и спорт спроведено во периодот од јануари до март 2022 година на ниво на државата во која учествувале 1.200 испитаници.

Тамара, сопругата на пратеникот Димитар Апасиев, на Фејсбук често ги споделува своите мислења и ставови во врска со теми кои го засегаат општеството.

Тамара е професор на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и има голем број на следбеници кои ја поддржуваат во нејзините ставови, па така и сега се осврна на иселувањето и напиша:

„Викеднов ми се отселија уште двајца млади од фамилија, за Словенија. Работоспособни, вработени во ИТ индустрија. По нив, планираат да си заминат уште неколкуте кои ги имам тука.

Сите се во нивните доцни дваесетти и рани триесетти. Семејството ќе си го прошируваат негде на Запад. Причината – оку пиран и нефункционален систем, кој продуцира дест руктивно општество и уб ивање на вербата дека ќе доживеат некаква значителна промена.

По нив, голема е веројатноста да си заминат и нивните родители. Сточари, пекари, електричари… за сите нив, статустот и условите истото да го работат дури и во Словенија, се светлосни години разлика оттука.

Младите треба да ни бидат на прво место во секоја мерка и промена. Промените пак, мора да почнат веднаш. Наместо шминка, мора да бидат суштински и да почнат од образованието.

Или ова ќе го менуваме или сите останати заедно, ќе потонеме. Некои (народот) повеќе од другите (властодршците). Ако за миг сме заборавиле, да си повториме – држава без млади луѓе, е држава без иднина.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.