Сузе се огласи од плажа во Грчка: Чекајте сега тета да ви каже за патлиџанот и паштетата, па да видиме кој за дека е

  • By admin
  • август 5, 2022
  • 0
  • 430 Views

Се почесто на социјалните мрежи и во медиумите можеме да прочитамте текстови за таканаречениот „патлиџан“ туризам, нешто што веќе од поодамна беше пристуно, но сега доби посебно јавно внимание.

Станува збор за луѓето кои на плажа јадат претходно подгтвени домашни седвичи или пак си носат паштети, нарезок, патлиџан, краставица и слично.

И сето тоа ќе беш во ред доколку многумина не се решеа да го коментираат ова со цел да се исме ваат или потсмев аат луѓето што го прават ова.

Со реакција се јави тетка Сузе Н. која реши да објасни некои работи на оваа тема, а богами имаше и што да порача.

Како и секоја година, така и оваа со сопругот и децата заминавме на одмор во соседна Грција. Право да ви кажам уште во старт тоа ни е најекономичната опција, подобра и од Охрди. Проверено и докажано со години наназад.

За ова лето се решивме да одмараме една седмица на мало местенце на првиот крак на Халкидик. Изборот се погоди како одличен и еве неколку дена како сме тука.

Пред се има туристи од Македонија и Србиј па се чувстуваме што се вели како југославија во мало, ретко можеш да слушнеше грчки или англиски јазик.

Е сега зошто сакав да се огласи и да си кажам она што го мислам за ова патлиџан туриста или како и да го нарекуваат веќе.

Не ми е јасно бре луѓе од каде таа потреба да се коментира за тоа кој што јаде на плажа. Ај мајката, патлиџанот и паштетата да ти биле нешто како под ниве, ма немојте бе луѓе.

Кој тоа мене ќе ми забрани или наметне што јас да понесам и да конзумирам на плажа, па стварно дај размислете со тоа главите што зборите.

Па од патлиџан, краставица, сиренце, паштета, кашкавалче, маслинка, путерче, зденка нема нешто повкусно за појадок, да ти тргне денот.

Да ве гледам бе и вас по тоа хотелит за доручок што ви сервираат и нема некоја голема разлика, плус некое јајце варено или пржено и тоа е тоа.

Значи истото и вие го појадувате и како ние со разлика што ние тоа го правиме на плажа а вие на маса во хотел само што вие го преплаќате, а ние не. Со тие пари потоа што ќе ми останат ќе купам пченка, крофна, сокче и кога видеш и сити и задоволни и све.

Така да ќе ви порачам на сите гледајте си го сопствениот двор и не пикајте ност и очи каде што не ви е место. Впрочем секој си прави она што го исполнува и каде се пронаоѓа и како му годи.

Автор: Д.С. Фото: Илустрација.

Авторски текст кој не смее да биде превземан и ремитуван без дозвола од редакцијата на Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.