Странците, помеѓу кои и Македонците отсега полесно до работа во Германија за во една дејност

  • By klaster2
  • јуни 29, 2022
  • 0
  • 404 Views

Една од најпознатите авиокомпании, германската „Луфтханса“ откажа дополнителни 2.200 летови од центрите во Франкфурт и Минхен во јули, како причина наведувајќи го и недостигот од работници поради зголемен број на нови случаи со вирусот.

Пред еден месец, компанијата информираше за откажување на 900 летови во јули. Во текот на вчерашниот ден, таа најави дека „ќе се откажат дополнителни 2.200 од вкупно 80.000 летови“.

Германската влада сака да му помогне на воздухопловството во надминувањето на про блемите со работници на аеродромите во земјата.

Според денешните (29.06) најави од Берлин, на аеродромите ќе може да се вработуваат работници од странство кои ќе имаат временски ограничени договори за работа.

Според сојузниот министер за сообраќај, Фолкер Висинг, тие би помагале во делот на подготовка на багажот и чекирање.

Висинг, заедно со колегите од Министерството за внатрешни работи, Ненси Фезер и од Министерството за труд, Хубертус Хајл, денеска одржа прес-конференција околу оваа тема.

Тројцата министри потврдија дека работниците од странство ќе добиваат дозволи за работа на аеродромите по забрзана постапка.

Истото важи и за дозволите за престој во земјата. Што се однесува до теснецот со работна си ла на безбедносните контроли, помош би требало „евентуално“ да дојде од припадници на сојузната полиција.

Владата сака да го забрза темпото на целиот процес на вработување на аеродромите:

„Сакаме да ја забрзаме постапката за да можат да дојдат“, изјави министерот Хајл. Работниците од странство ќе мора да бидат вработувани и плаќани согласно тарифните договори, а т.н. „позајмени работници“ нема да има.

„Освен тоа, работниците би требало да добијат „достоинствено сместување, а не да бидат собирани во некакви колиби“, рече Хајл, потенцирајќи дека владата нема да дозволи социјален дам пинг.

Работниците не мора да имаат доказ за познавање на германски јазик, затоа што не се работи за „трајно доселување во Германија“.

Министрите не наведоа термин од кога би почнале да доаѓаат странски работници. Браншата се надева на 1500 до 2000 работници, пред сѐ од Турција и балканските земји меѓу кои и Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.