Стојанче Ангелов до Билјана Ванковска: Би ве замолил јавно да ја објавите висината на вашата плата

  • By admin
  • август 8, 2022
  • 0
  • 551 Views

Професорката Билјана Ванковска попладнево се огласи на својот профил на фејсбук каде што објави статус во кој што вели:

На огласот за работна позиција технички секретар во АЕК, на која може да се аплицира и со завршено средно образование, платата е 47.000 денари. Ова е за 11.000 ден. повисока плата од таа на редовен професор на УКИМ.

Утрово видов и оглас за 26 работни места во ЦУК, кај Стојанче. Без искуство, со прво вработување, добиваат професорска плата. Куриозитет е (ако не грешам) дека за ниту едно работно место не се бара кадар од Институтот за безбедност, одбрана и мир. А нашите студенти се уте паа од учење за кри зен менаџмент, за цивилна одбрана и заштита, за ЦУК и тн.

И на сето ова додаваш вести за зголемување даноци и инфлација до небо, со највисоки цени на лебот, и си велиш: отишло се’ по ѓаво лите, а уште ни есен не дошла (деца на школо, огрев, и сл.). Но, затоа тие се дебелат -буквално.

Но не требаше долго со реакција да се јави и Стојанче Ангелов кој исто преку својот профил на фејсбук напиша:

Професорке Билјана Ванковска! Во текст на вашиот Фејсбук профил сте објавиле тенд ециозна, зл онамерна и ноторна невистина за огласот за вработување на определено време во Центарот за управување со кр изи.

Како прво, огласени се 13 работни места за кои се бара завршено средно образование. Притоа во огласот, според закон, е наведена месечната БРУТО плата за овие работни места која прикажана во НЕТО износ се движи околу 18.600 денари (302 евра).

Со завршено високо образование побаруваме 13 лица од кои 7 се предвидени со образование ОДБРАНА при што поимот “одбрана” е дефиниран во квалификацијата на Министерството за информатичко општество и администрација.

Значи, не е точно вашето тврдење “куриозитет е (ако не грешам) дека за ниту едно работно место не се бара кадар од Институтот за безбедност, одбрана и мир”.

Напротив, како што самите сте претпоставиле, грешите бидејки за повеќе од половината работни места со високо образование се бара завршено високо образование ОДБРАНА.

Платите кај работните места се наведени во БРУТО износ, но, за да не се во знемирувате дека ќе бидат повисоки од Вашата, ќе дообјаснам дека најниската предвидена плата со високо образование без работно искуство е околу 22.000 денари (околу 360 евра) а највисоката околу 28.000 денари (околу 450 евра).

За трите највисоки позиции, во согласност со Закон, се бара и три години соодветно работно искуство, што е спротивно на вашето тврдење.

За да бидеме докрај транспарентни би ве замолил јавно да ја објавите висината на вашата плата за да го поткрепите вашето тврдење дека лицата кои ќе бидат вработени во ЦУК “без искуство, со прво вработување, добиваат професорска плата”.

Дали вашата плата е 360 евра? Или можеби е малку повеќе?

Професорке, не е добро да се шират ла жни информации но сепак без разлика на се’ ви посакувам добро здравје и долг живот.

П.С. Бидејки сум бл окиран од професорката Ванковска молам некој нека и ја пренесе оваа моја порака.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.