Стојанче Ангелов го тестираше новиот број 112

  • By admin
  • ноември 25, 2021
  • 0
  • 337 Views

Ангелов и имплементаторите од ЕУ, на тестирање на Е-112 во ЦУК

Денеска, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, присуствуваше и учествуваше на тестирањето на Европскиот единствен број за итни повици 112 во ЦУК, како слушател – учесник, а и со поздравен говор за стратешкото значење на Е-112 во нашата држава.

Конкретно, во рамки на планираните етапи за имплементација на Европскиот единствен број за итни повици 112, од 23-25.11.2021 година, во Центарот за управување со кризи беше извршено тестирање на системот Е-112.

Тестирањето беше во организација на италијанската компанија „БЕТА – 80“, компанија којашто го имплементира системот финансиран од Европската Унија.

На тестирањето, сите денови, присуствуваат претставниците од унгарската компанија „Бонумштрат“, во функција на надзор над импементацијата, ангажирани, исто така, од страна на Европската Унија.

Покрај нив, на тестирањето присуствуваа и зедоа активно учество вработените лица во Секторот Е-112 , како и лицата од Секторот за информатика и телекомунуикации од ЦУК.

Во следниот период, во ЦУК, се очекува одржување на обуката и на Е-112 операторите – приматели на повици на телефонаскиот број за итни повици -112, број што стратешки и етапно се имплементира и е во финална фаза на имплементација во Република Северна Македонија.

Инаку, 11 февруари (…симболично поврзување со бројките 112) е Ден на Европскиот ден на Е-112.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.