За некои спортот е само за физичка рекреација, начин за одржување на добра форма и кондиција, а со тоа и добро здравје.
Сепак, има и такви луѓе кои со некои необични предизвици се обидуваат да соборат светски рекорди и да се запишат во Гинисовата книга.
Едно фантастично момче, Срѓан Ристиќ е светски рекордер во комбинација од склекови и згибови кои може да ги направи за само 60 секунди.
А сега се подготвува да го собори новиот Гинисов рекорд, овој пат во склекови на два прста од едната рака. Како што вели, овој рекорд со години го држел славниот Брус Ли.
Покрај тоа, овој благороден млад човек решил да ги поддржи другите млади луѓе и да им помогне да се подготват за дисциплините во кои сакаат да бидат најдобри во светот.
Срѓан сето тоа го прави за да им помогне на децата кои имаат некои од најтешките бо лести. Меѓу нив се и малите Калина и Анџела.
Срѓан вежба секој ден, и ги охрабрува другарите да бидат најдобри во тоа што го работат. Како се подготвуваат идните Гинисови рекорди и што планира Срѓан во иднина раскажува за Прва рс.
– Досега го соборив рекордот односно 423 склекови. Сега сакам да го соб орам рекордот на Бруси Ли за склекови со два прста со една рака.
– За тоа ќе ми бидат потребни над 74 склекови. Сега моментално се припремам самиот себе а и помагам при подготовката и на другите пријатели, вели Срѓан.
– На натпреварот каде што ќе пробам да го надминам рекордот, ќе се постави кутија со донации, исто така и од спознорите еден дел ќе одат за лекување на овие дечиња, додава тој.