Српската пејачка Теа по објавата дека заврши зад решетки првпат се огласи: Нема да ви простам

  • By klaster3
  • октомври 10, 2022
  • 0
  • 322 Views

Познатата српската пејачка Теа Таировиќ со нејзините хитови, но и изглед ги освои симпаатиите на многубројната регионална јавност.

Во домашните медиуми изминатиот ден се појави веста дека пејачката Теа Таировиќ е приве дена на аеродромот во Германија што привлече огромно внимание во јавноста.

Имено, Теа Таировиќ во раните утрински часови беше задржана на аеродромот во Хамбург заедно со уште неколку музичари. Според неофицијални информации, двајца музичари кои биле со пејачката се ослободени, додека Таировиќ е при ведена.

Пејачката била приведена, како што пишуваат српските медиуми, од финансиската полиција, а причините за тоа се уште не се позната.

Едната верзија е тоа дека Теа ги надминала дозволените работни часови во Германија, а другата се парите, околу 70.000 евра што ги наосела со себе.

-Работела во Бугарија, а парите што ги добивала за бакшиш ги носела со себе во Германија, мислејќи дека ќе си купи нешто во шопинг бидејќи работела два дена, петок и сабота во Хановер и Хамбург, дознаваат медиумите од извор близок до пејачката.

Како што се шпекулира, постои можност на пејачката да и биде забранет влез во Германија до понатамошно известување, но и на нејзините колеги кои се најдоа на списокот на при ведени.

Сепак, пејачката која се најде во центар на медиумското внимание почувствува потреба да се огласи и да и појасни некои работи на јавноста:

Ги известувам сите луѓе кои ме сакаат, слушаат, поддржуваат, следат, дека медиумите на основа на недоверливи извори се служат со потполно погрешни термини кога станува збор за мојата денешна мала непријатност.

Јас не сум нити уа псена, ни приведена, ниту лишена од слобода во било кој момент. Секој новинар одделно ќе биде ту жен поради лажно претставување на денешната ситуација т.е. со повторно валкање на моето име (како година време да беше малку).

Минатите години ви простував, но оваа нема. И да.. ситуацијата на аеродромот е потполно безо пасна и може да му се случи на секој.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.