Спенџарска отворено призна: Сигурно ќе зажалев ако не заминев

  • By admin
  • август 26, 2021
  • 0
  • 10530 Views

Познатата водителка Јелена Спенџарска е доста активна и на социјалните мрежи како инфлуенсерка, пред се на инстаграм каде што редовно споделува новости.

Така беше и овојпат кога во својот најнов пост сподели низа фотографии со текст во кој што вели:

Само маааааал дел од моето незаборавно патување на кое,морам да признаам, се мислев цели два дена дали да одам.

Така ме имаше фатено период на дремење дома, гледање серии и ‘давење’ во нездрава храна што поканата да излезам од дома,а да не е за на работа, ми беше како да ме тераат да одам да срушам некој рекорд во паѓање од екс тремни височини. Аха,важи!

Не знам ни сама која Божја сила ме натера да смислам две-три комбинации и да се накрцам во комбе полно со насмеани новинари кое,чиниш патува во Холивуд на некоја светска премиера.

Среќа, го оставив интровертот во мене да ги догледа останите епизоди од серијата дома, па тргнав за Холивуд и јас.

Додуша,за Битола тргнавме,ама ми ја сфативте поентата, забавата почна. И беше неверојатно добра!На кој му текна да склопи ваков тим, АЛАЛ!!!

Битола,регионот на Пелагонија и Преспа и преубав разглед на градот Корча во Албанија ни беа испланирани дестинации преку SMART- CUL- TOUR, проект кофинансиран од Европската Унија .

Сликите се направени на различни места, вила Дихово ме освои од прва и сигурна сум дека ќе одам пак, Хераклеа не сум била од дете, најпознатата куќа на цвеќиња во Волкодери е атр акција која мора да ја видите со свое око,а Корча е еден преCOOL град со една таква убава енергија што просто НЕ верував дека толку многу ќе ми се допадне.

Сигурно ќе зажалев ако не заминев!!! Значи СИГУРНО!

Моите најзабавни колеги дополнително му дадоа живот на ова патување и НЕ престанавме да се смееме! (Дечки ми недостигате ) Сега барем знам дека стомак ме бо ли од смешки,а не од too much помфрит или сладолед, ако останев дома.

Излегов од мојата комфорна зона со стил! И имам преубави спомени за цееееел живот!!!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.