Слободанка од Градско: Во овие години физиолшки потреби извршувам во канта

  • By klaster2
  • април 10, 2022
  • 0
  • 514 Views

Слободанка Каранфиловска од Градско сиот живот самохрано го гледа своето дете. Таа вели ниту еден ден не видела среќа во животот.

Најголема не среќа и е губењето на нејзиниот син. Денес е сама и без основни услови за живот и во голема неизвесност.

Млада останува самохрана мајка и ги работи и најтешките физички работи за да опстане. Помош не добила од никого. Долго време живееле во социјален стан.

И тоа без бања и основни услови за живот со минималан пензија што ја земала. Стре совите што ги имал синот во текот на животот ке резултираат со предвремено напуштање на овој свет на синот.

Цело време е со неговите слики и ја мириса неговата облека а сиротата нема пари ниту споменик да му направи и да го испрати соодветно.

Таа млада стапува во брачните води, но поради несогласувања и лош живот морала да го напушти сопругот и дошла со синот во социјален стан.

– Синот му беше многу ма ка и се нерви раше зошто бевме во ова дереџе и никој не сакаше да го прими да работи, дури и градоначалникот не сакаше да помогне иако беа школски другари.

– Овде немаме ниту вода ниту бања, со ладна вода се миеме и переме, прстите ми се искривија, немам минимални услови за живот.

– Сега сум тешка со одењето, па физиолошките потреби ги извршувам во една канта што ја имам, вели Слободанка за ,,Срце на дланка”

– Не успеа да се избо ри на крајот, ги молев докторите да ме пуштат да го гледам синот, тој ќе ми ја фатеше раката и не ме пушташе.

– Ми велеше ,,Мајко не си оди од овде, ќе ме бараш подоцна но ќе биде доцна”, вели со солзи во очите оваа храбра жена.

– Тој имаше многу пријатели кои дoаѓаа овде додека беше жив и им давав многу работи и им правев јадење но тие сега никаде ги нема.

– Да дојдат и да ме прашаат барем како сум и дали ми треба нешто. Осаменоста е тешка. Кога го испраќав во вечност, ми зедоа 1500 денари.

– Им дадов толку пари за да го средат но кога го видов за последен пат, тој не беше ниту допрен. Ме видоа сама и ми земаа многу пари, вели Слободанка.

Доколку сакате да и помогнете на оваа жена достоинствено да продолжи да живее тоа може да го сторите на телефонскиот број 076-879-946 или на жиро сметката 300277113777632

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.