Слободан и Валентина од Кичевско живеат без бања и тоалет, пешачат по 8 км за да дојдат до храна

  • By klaster2
  • февруари 6, 2022
  • 0
  • 818 Views

Слободан и Валентина Настески се сопружници кој веќе 20 години живеат во село Србјани, Кичевско. Слободан има 45 а Валентина 39 години.

Сиромаштијата не им дозволила да се остварат како родители. Живеат во куќа која има едвај една функционална соба и доста лоши услови.

Ова семејство незнае што е тоа бања и тоалет. Слободан е без шанса да работи, едноставно се заборавени од опшеството и од најблиските и без волја за живот.

– Куќата ние е стара над два века, аманет ми е од татка да не ја напуштам куќата, откако замина тој многу ми е тешко.

– Гредите не се стабилни, кровот може да падне во секој момент, од прозорците дува бидејќи нема добра изолација, и од ден на ден куќата попушта.

Никој не сака да му даде шанса на Слободан да работи, често ова семејство е исмејувано од соседите, а имаат пари за само два дена во месецот.

– Не сакаат да ми излегнат во пресрет соседите, едноставно како да не постојам, јас сакам да работам но не ми дава шанса никој.

– Деветнаесет години сме со сопругата, и толку време тргаме и сме гладни. Ако јадеме два дена после цел месец ќе немаме, вели Слободна пред камерите на ,,Срце на Дланка”

– Често сме гладувале, или сме јаделе леб и кромид, беда и сиромаштија со еден збор, така цел живот, вели сопругата Валентина.

– Ќе земам еден леб и ќе гледам да го поделам да има за повеќе денови, и одам скоро секој ден осум километри печашам да земам храна од социјалната кујна во градот.

– Се бањаме овде во собата, ќе стоплам вода, прво на жената ќе и помогнам па после јас. Живееме живот како од 12 ти век, секој ден тргаме.

– Појди во една инстутуција, појди во втора, трета и секогаш иста слика, премногу сум разочаран од животот, не знам како да продолжам, вели Слободан.

– Парите што ги земаме ни стастуваат за само три дена, да платиш струја, лекови па и храна нешто и толку, потоа преживувавме, вели Валентина.

– Јас не знам што е бања и тоалет, физиолошки потреби извршуваме надвор, жално е тоа, но немам така сме веќе над 20 години, додава таа.

Валентина има вештачки колк, отежнато и е движењето и не може како домаќинка да земе да зготви или зачисти, а најголема мисла моментално и е што треба да отидат во Охрид на конторла но немаат со што.

– Сега треба на конторла да ја носам сопругата во Охрид, такси до таму ми бараат 2.500 а да јадеш таму и јас и таа, па јас цела социјална помош треба да ја дадам, си велам нека ме фрлат во река и готово, вели Слободан.

– Не сакам ништо друго, само куќата да ми се направи да си го остварам аманетот од татка си, вели во солзи овој храбар човек.

 

– Доколку сакате да му помогнете на ова семејство да види барем малку бел ден во својот живот тоа може да го направите на трансакциска сметка 210501699457218 НЛБ Банка или на следниот контакт број 076/638/409 Слободан и Валентина Настески

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.