Далечната Австралија е дом на бројни Македонци кои со годините наназад се иселиле во потрага по подобар живот.
Општо познато е дека во оваа островска држава, воедно и континетн живеат бројни Македонци.
Македонци во Австралија или Австралиски Македонци — едно од поголемите етнички малцинства во државата со над 100.000 припадници. Според ОМД во Австралија има околу 200.000 Македонци.
На пописот од 2011 година, 40.222 жители на Австралија се наведени како родени во Република Македонија.Вкупно 93.570 жители се изјасниле со македонско потекло, или сами или во комбинација со друго потекло.
Податоците од последниот попис од годинава покажуваат дека вкупно 41.786 лица се пријавени како родени во Македонија. Околу 93% од тие луѓе се австралиски државјани, а околу 76% се на возраст од 50 и повеќе години.
Од последниот Попис во 2016 година (98.441) има зголемување од над 13% на лицата кои се идентификуваат дека имаат македонско потекло.
Околу 111.352 луѓе се идентификуваат со македонско потекло, при што 49.429 (44,4%) од тие луѓе живеат во Викторија и 43.775 (39,3%) живеат во Нов Јужен Велс.
Македонскиот е најзборуваниот источноевропски јазик во австралиските домови. Тоа е јазикот што македонските Австралијци слободно го избираат да го зборуваат, негуваат и чуваат во своите домови.
Поради ситуацијата со вирусот голем број наши иселеници 2-3 години не можеа да си дојдат во Македонија или пак нивни роди да заминат во Австралија.
Ова важи и за пејачите кои често беа гости во Австралија каде што настапуваа помеѓу нашинците во оваа држава.
Но во периодот што следи речиси пола наша музичка естрада веќе има закажано турнеи токму низ Австралијa.
Веќе од претходно е познато дека за Австралија ќе заминат Анета Молика, Сузана Гавазова, Некс Тајм, Влатко Лозаноски, Влатко Миладиновски, Дамјан Стојановски и уште некоолкумина.
Својата турнеја во Австралија сега ја објави и Цаки Кисми кој на својот профил на фејсбук сподели:
Цаки Кисми после подолго време дружба со нашите во Австралија. За подетално инфо ќе бидете известени, кис.