Скопскиот аеродром со известување за сите патници: Нови правила, започнуваат веќе од денес од 21 часот

  • By admin
  • август 19, 2021
  • 0
  • 4906 Views

Од скопскиот аеродром попладнево излегос со известување за промената на новите правила, а во истото се вели.

Фото: ТАВ Скопје фејсбук

Почитувани патници, Согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за изменување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот Sars-Cov-2.

Случаите и временскиот период на нивна примена (Службен Весник на РСМ бр. 193 од 18.08.2021 година), се врши измена на Протоколот на ТАВ Македонија за управување со аеродромите во време на пандемија.

Согласно најновата одлука, од денес, 19.8.2021, 21:00ч, влез во аеродромската терминална зграда ќе биде дозволен само со приложување:

Фото: ТАВ Скопје фејсбук

– Сертификат / потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест COVID-19; или

Фото: ТАВ Скопје фејсбук

– Сертификат / потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето; или

Фото: ТАВ Скопје фејсбук

– Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест, не постар од 72 часа, или брз антиген тест не постар од 48 часа, пред влегување.

Фото: ТАВ Скопје фејсбук

Ова не се однесува на лица под 18 години.

Влезот во аеродромската терминална зграда е на вратата Заминување С, додека излезот е на вратата Пристигнување В.

Потсетување: Ве молиме почитувајте ги превентивните мерки против КОВИД-19 што се применуваат во аеродромската терминална зграда:

Постојано носете заштитна маска. Одржувајте физичко растојание. Често дезинфицирајте ги рацете. Практикувајте бесконтактни технологии за завршување на аеродромските процедури.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *