Скапа е храната – во Германија почнаа да садат бавчи за да се прехранат

  • By klaster3
  • август 13, 2022
  • 0
  • 327 Views

Инфлацијата и енормниот скок на цените на прехранбените продукти која ја зафати цела Европа ги натера граѓаните како знаат и умеат да си го олеснат животот.

Иако Германија за работа и плати е „ветена“ земја за Балканците, сепак и таму се соочуваат со високи цени. Затоа голем број семејства одлучуваат да засадат сопствени градини и да бидат самостојни.

„Добра сум во ова!“, вели гордо седумгодишната Анели Шретер, полевајќи ја свежо засадената зелена салата во градината. Семејството Шретер од оваа година е член на Здружението за градинарство Ландштул, во покраината Рајнланд-Пфалц.

Семејството со три деца сака во иднина да одгледува зеленчук во својата градина. Прво се вежба со дел во заедничка градина, а потоа треба да следи сопствена градина пред нивната куќа.

34-годишната Лиза Шретер мора и да внимава на издатоците поради зголемените цени на храната: „Морам да поминам низ неколку супермаркети и да ги споредам цените, бидејќи намирниците се многу поскапени. Двапати помислувам колку брокула сум ставила во кошничката за купување“.

Пред една година трошела по околу 100 евра за намирници за пет дена. Сега тие чинат 170 евра. Многу пари за семејството со три деца – иако и двајцата родители работат со полно работно време, семејството се храни главно вегетаријански и готви за себе.

Мотивацијата за тоа е разновидна. За време на панд емијата, многу семејства се приклучиле затоа што повторно добиле желба за градинарство.

Лиза Шретер, мајка на три деца, веќе ги вари доматите за да можат да се користат во зима. Така се штедат пари, а освен тоа доматите имаат многу подобар вкус од оние купени во продавница, вели Шретер.

Сојузната централа за потрошувачи, исто така, препорачува одгледување сопствено овошје и зеленчук како совет за заштеда во услови на зголемени трошоци за храна. Други совети се да се купува сезонско овошје и зеленчук и да се готви дома наместо да се консумираат поскапи готови производи.

Саша Мерле, економист во минхенскиот ИФО-институт, може да го разбере трендот за одгледување на сопствено овошје и зеленчук. Според актуелните истражувања на институтот, потрошувачите во Германија мора да бидат подготвени на натамошни поскапувања на храната.

Како и претходните месеци, трговците анкетирани од институтот изјавиле дека во следните три месеци ќе ги зголемат цените во трговијата на мало со храна.

„Ако зеленчукот се добива од своја градина, наместо од супермаркет, тоа сигурно ќе доведе до значително олеснување, зависно од тоа колку е скап зеленчукот во тој момент“, вели прогнозерот за инфлација Мерле.

Бидејќи не се зголемени сите цени на зеленчукот: во јуни особено нагло пораснаа цената на доматите и краставиците, а цената на зелената салата дури и падна.

„Семејство со повеќе од две деца наскоро нема да може да си дозволи ништо“, вели Шретер, која работи со полно работно време во дом за деца. Детскиот додаток мора значително да се зголеми, смета таа, пренесува Дојче Веле на македонски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.