Несомнено Лила Филиповска важи за една од најзгодните, најатрактивните и најангажирани водители кај нас.Што и да облече на себе одлично и стои, а секогаш добива комлименти на својот изглед.
Познатата ТВ водителка Лила Филиповска е присутна на телевизија повеќе од две децении, време за кое стана симбол за нјуспешно телевизиско лице што нема кој не го познава.
Веќе 10 сезони секојдневно ја гледаме во квизот „Се или нешто“ каде е незаменлива домаќинка, но ретко или речиси воопшто не ја гледаме да се појави како гостинка во други телевизиски формати.
Освен тоа имаме прилика да ја гледаме секој ден во забавното шоу „Се или нешто“, Лила е активна и на социјалните мрежи на кои што рекламира одредени модни брендови, козметички произови, патувања, накит.
Лила Филиповска неодамна по долго време беше на патување надвор од Македонија, односно во Турција.
Имено, водителката по неколку месеци откако започната короната одлучи да ги спакува куферите и малку да се опушти надвор од рутината и секојдневието.
На Лила агендата е потполнета со работни и професионални обврски, но има и време и за нејзините следбеници.
Таа работеше од дома, па го искористи времето да се дружи со своите виртуелни пријатели односно да им одговара на прашања.
Исто така ја прашаа и дали е вистина дека е родена во Шведска, на што таа потврдно одговори и откри дека нејзината сестра сеуште таму живее и одвај чека да ја посети, заедно со нејзиното семејство.