Симон Трпчески е еден од најзначајните музички уметници во последните години, почитуван не само поради беспрекорната техника талент, туку и поради неговата топла личност и заложбата за зајакнување на културниот имиџ на Македонија.
За неговиот талент сведочат мноштво меѓународни успеси и највисоки кри тики, како и генералното мислење на музичките критич ари ширум светот.
Во 2009 година го доби Претседателскиот орден за заслуги за Македонија, како одговорен за афирмација на Македонија во странство. Во 2011 година, тој стана првиот добитник на титулата „Национален уметник на Македонија“.
На првиот концерт свирел пред 50.000 луѓе во Соко Бања, а принцот Чарлс му даде награда во Лондон. Симон денес настапува пред полни сали со најдобрите светски диригенти и оркестри.
Во неговата дводецениска фасцинантна кариера настапувал на најпрестижните концертни сцени во светот и со највлијателните оркестри – од Лондон до Сингапур, од Торонто до Хонг Конг. Снимил 13 албуми за престижни светски музички издавачи.
Златната бубамара на популарноста во категоријата „музички амбасадор“ годинава ја добива токму пијанистот со светска репутација Симон Трпчески.
Неговиот последен проект за камерна музика „Македонисимо“ е посветен на запознавање на публиката ширум светот со богатите традиционални македонски народни корени.
Во брак е со сопругата Даниела 12 години, а се запознале во средно училиште. Денес тие имаат три деца, ќерката Лара и близнаците Стефан и Андреј.
Најголемата, ќерката Лара, ја имаше таа чест на одржувањето на „Златна Бубамара“ годинава на сцената да излезе со нејзиниот татко при што ја изведуваше песната „За овој свет“, а неодамна го промовираа и видео записот за песната како дел од проектот МАКЕДОНИСИМО.
Очигледно е дека Лара веќе тргнала по музичкиот пат затоа што Симон на својата официјална Фејсбук страница сподели за него горда и радосна вест.
„Се чувствувам гордо и среќно – по официјалното објавување дека ќерка ми Лара е избрана да ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг оваа година! Со среќа Лара и Ирина!“