Си замина Аки Рахимовски, човекот кој велеше: Во срцето, цел живот живеам во Македонија

  • By admin
  • јануари 22, 2022
  • 0
  • 413 Views

Александар Аки Рахимовски кој беше македонско-хрватски пејач, најпознат по ангажманот во рок составот од Загреб “Парни ваљак” не напушти денес.

Александар Рахимовски е роден во Ниш, но за брзо време се преселува во Скопје. Неговиот татко бил музички професор со што на седум години тој започнал да учи во музичко училиште за клавир и пеење.

Човекот кој во Македонија знаеше да каже дека се чувстува како дома, а во сите земји од екс Југославија голема ѕвезда, Аки Рахимовски.

Овој музичар многу добро ја познаваше македонската публика. Тој на своите колеги од другите земји им кажуваше дека тука само најдобрите можат да играат и пејат.

-Јас сум тука дома. Знам дека таа една голема доверба која ја имаме кај нашата публика и кај нашите луѓе ќе ја оправдам“ кажа во едно интервју и додаде:

Моите дечки од составот велат „Скопје, супер“! Мислам дека се знае, ако не знаеш да играш и пееш, во Скопје немој да правиш такви работи.

А ние тие работи ги правиме многу добро. Ќе биде тоа еден спој. Јас за секој концерт велам дека е нов и даваме максимум, еден чесен и искрен пристап кон публиката и фановите со она што не држи 40 години, кажа пред еден настап во Македонија.

Кај Рахимовски чувствата беа најсилни. Во Македонија живее неговото семејство, овде тој ги чува спомените од своето детство. Си замина поради песна, но со песни секогаш се враќаше.

-Емоција е! Тука ми е еден дел од животот. Особено за мене, кој тука имам живеено до свои 20 години. Но, јас цел живот живеам тука, во срцето, изјави во едно свое интервју Аки.

Популарниот пејач Аки Ракимовски на 67 годишан возрас се упо кои денес, објавено е на официјалната страница на неговиот бенд ,,Парни ваљак”.

Неговиот последен настап во Македонија се случи на седми јули, лани, кога одржа концерт во ракометното игралиште во Битола.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.