Селото Мечкуевци на пописот нема жители но Антонио се огласи и го тврди спротивното

  • By klaster2
  • април 13, 2022
  • 0
  • 446 Views

Село Мечкуевци се наоѓа во Свети Николе, според податоците од последниот попис овде не живее никој, а на пописот пред 20 години овде живееле петнаесетмина жители.

Мечкуевци е едно од 207-те села во Македонија кои се целосно иселени. Но во ова село состојбата на терен е малку поинаква.

Екипата на ,,Радио слободна европа” при посета на истото затекнаа луѓе. Педест и петгодишниот Антонио Иванов, по лична карта е жител на Мечкуевци.

Но тој како што вели го попишале на последниот попис кој беше спроведен во септември: Јас сум единствен жител на село Мечкуевци и овде живеам од 2015 година.

– Сега во пролет луѓето доаѓаат и можам да кажам дека тука има 10 до 15 повратници. Во селото моментално живее и неговата мајка како и соседите Павле и Роксанда.

Тие по лична карта се водат во Свети Николе но Павле Ѓорев е роден токму во ова село. Потоа се иселил, но со почетокот на пандемијата повторно дошол овде.

– Овде живеев се до мојата 18 годишна возраст, селото беше доста живо, имаше над шеесет семејства а во секоја куќа имаше по пет деца, вели Павле.

– Во Мечкуевци одев и до четврто одделение, имаше училиште овде, кога растев ние бевме околу 40 деца. Но за жал сега ситуацијата е лоша.

Иселувањето започнало во осумдесеттите години, кога поголем број на жители се преселиле во најблиските градови како што се Свети Николе и Штип.

Тој додава дека од ова село потекнуваат многу доктори, службеници како и министри. До ова село има асфалтиран пат, но нема водовот.

Слична судбина како ова село има и соседното село Немањици, кое е оддалечено 4.5 километри а некогаш имало улилиште до осмо одделение а денеска живеат само неколку луѓе.

– Ова село некогаш беше најголемо село во општината. Сега воглавно живеат старци над 70 години, нема ниту продавници ниту ништо, вели Ласте кој е жител на ова село.

Тој се занимава со земјоделство и сточарство, чува крави и овци, исто како што се бавел и неговиот татко, но вели дека младите не се заинтересирани да го наследат.

– Младите не сакаат ни да слушнат а камоли да дојдат овде и да ги гледат животние. Тие сите заминаа во странство и си бараат подобри услови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.