Себастијан кој е роден во Македонија, па се преселил во Германија: Тоа е народ на крадци, музиканти, гатачи и просјаци

  • By admin
  • февруари 27, 2021
  • 0
  • 1166 Views

Исти образовни шанси за сите во Германија? Студија на Здружението РомноКер покажува напредок во подготвеноста за образование кај најголемото европско малцинство, но и дискриминација

„Ти си никој и ништо, за ништо не те бива“, со векови важи ваков начин на обраќање кон ова малцинство, некогаш суптилно, а некогаш отворено, вели Себастијан Куртиси за Дојче веле, еден од анкетарите во изработката на студијата на РомноКер меѓу староседелците и имигрантите Синти и Роми.

РомноКер е здружение на Синти и Роми, кое би требало да ја одржи нивната култура и идентитет, а неговата студија ја поддржа Фондацијата сеќавање, одговорност и иднина (ЕВЗ).

Научно се обработени 614 интервјуа. Куртиси е исто така припадник на малцинството кое брои околу 6,3 милиони луѓе во ЕУ со заеднички ромски јазик – романес. Државите-членки на ЕУ се повикани експлицитно да го поддржат учеството на Ромите во образованието, а 80 % од испитаниците него го сметаат за многу важно.

Себастијан Куртиси е Ром роден во Македонија и израснат во Србија. Завршил техничко училиште и со 17 години со родителите избегал во Германија. Во меѓувреме има германски пасош. Работел во Ахен во постројка за десулфуризација, а денес е социјален работник и советува луѓе кои се приматели на социјална помош Харц 4.

Во еден момент го сфаќате обемот на предрасудите кон нас, вели тој: „Тоа е народ на крадци, музиканти, гатачи и просјаци… Зошто мислите дека и јас сум таков?“

Целата сторија проследете ја на Дојче веле на македонски јазик.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.