Mакедонски туристи се евакуираат од Грција

  • By admin
  • август 11, 2021
  • 0
  • 2587 Views

Според противпожарната служба на Грција, на островот интервенираат 892 пожарникари со 50 пешадиски тима и 232 возила, а помагаат и пожарникарите од Кипар, Србија, Украина, Романија, Словачка, Молдавија и Полска.

Преку македонските тур-оператори, односно туристички агенции, на грчкиот остров Евија кој е во пла мен, имало 39 туристи. Во неделата, на 8-ми август, 38 од нив се евакуирани.

Дел од нив се вратиле во нашата држава, поради завршување на одморот, а останатите се префрлени на безбедни места. Еден македонски државјанин се уште е на островот Евија, но на јужниот дел, каде засега нема пожари.

„Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина стапи во контакт со неколку тур-оператори од Република Северна Македонија кои оперираат на територијата на Република Грција и истите имале аранжмани за островот Евиа.

Според информациите, во недела, на 8-ми август, во островот се наоѓале 39 туристи од Северна Македонија. 38 од нив безбедно го имаат напуштено островот, се упатиле кон други одморалишта или им заврши аранжманот и се вратија во Северна Македонија.

Додека едниот наш државјанин, кој останал на островот Евиа е сместен во јужниот дел на островот Евиа, во моментот безбедно место..“, истакна МНР.

Стотици туристи од други држави, но и жители на островот се евакуирани со ферибот на безбедни места. Пожарот е од големи размери. Го ри огромна површина, веќе стигна и до куќите, а дел од нив изг ореа.

Пожарникарите и волонтерите водат голема би тка со огнот на Евија, кој е втор остров по големина во Грција.

„Сите сме едно, немаме имиња. Сите ние сме бор ци, локални жители. Дојдовме од соседното село, доброволно да помогнеме. Никој не заминува. Колку пати и да не евакуираат, ние ќе останеме овде до последниот момент да се бо риме, да направиме што можеме. Нема авиони“, вели волонтер кој учествува во гасењето.

Грчкиот премиер се извини за „какви било слабости“ прикажани во решавањето на вон редната состојба и вети компензација за сите погодени, и огромен напор за пошумување и обнова.

„Првото прашање, во моментов, се решенијата. Исто како што првото прашање беше и останува заштита на човечкиот живот. Затоа извештајот за ова искуство мора да го содржи не само она што е изгубено, туку и она што е спасено во таква невидена природна катас трофа“, посочи Кирјакос Мицотакис.

Пожарот на островот Евија, кој започна на 3 август, е најтешкиот од десетиците во изминатата недела низ цела Грција. Во текот на изминатата недела стотици куќи и објекти беа уништени или оштетени, и речиси 100.000 хектари шума се уништени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.