Се врати среќата и насмевката кај Марија од Охрид и нејзините дечиња – го добија најпосакуваното

  • By admin
  • јануари 20, 2022
  • 0
  • 587 Views

Пред неколку дена сторијата за Марија Шиникоска од Охрид која е млада самохрана мајка на четири деца ја обиколи цела наша држава.

Како што веќе информиравме, Марија останала на улица, незнае кога последен пат се насмевнала, државата и доделила стан но не и дозволува да се всели.

Мајка и заминала на другиот свет додека татко и не се грижи за нејзините про блеми воопшто, па така оваа млада мајка е препуштена сама на себе

– Бракот заврши поради семејно наи лство и сето тоа се случуваше пред очите на децата, морав да ставам точка на тоа, вели пред камерите на ,,Срце на Дланка” оваа мајка.

– Бевме во ше лтер центарот, живеевме одредено време, по некое време една хуманитарна организација ни помогна во посредување на социјален стан.

– Во станот се уште не сме вселени, бидејќи договорот се уште не е потпишен, моментално живееме кај мојата золва. Но немаме се уште имотен лист и неможеме да влеземе.

– Социјална помош земам само шест илјади денари, овде ги плаќам сметките, па ле ковите за децата а за храна и пелени некогаш не ни останува.

– Секој контакт што го имам од претходниот сопруг е преку неговата сестра односно золвата која помага барем за млеко.

– Често сум останувала без храна и млеко. Сега и золвата има некој сп ор за оваа куќа може да останеме на улица во секој момент.

Сепак оваа сторија има среќна развршница откако до емисијата споделија убава вест:

Уште едно семејство доби свој дом! Уште едно семејство има успешна животна приказна!Сторијата на самохраната мајка Марија Шиникоска од Охрид, што во Срце На Дланка ја емитувавме оваа недела, со успех ја заокружуваме.

Сега, малата Димитра со своите браќа и сестрички ќе имаат свое сопствено катче. Тие се вселија во станот што им го додели државата.

Без влага и мувла кои се опасни за нејзината здравствена состојба.Како што сонуваа сите!

Благодарност до сите надлежни кои помогнаа во реализација на овој долгорочен сон на семејството и благодарност до сите вас, кои не седевте со скрстени раце и ги вжештивте телефоните и сакавте да донирате средства, храна и техника за и ова семејство да живее нормално како сите нас!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.