Сашко Коцев: Па и ние имаме гордост бе, не сме клошари

  • By admin
  • април 27, 2021
  • 0
  • 1016 Views

Без сомнение Сашко Коцев важи за еден од најдобрите македонски актери кој знае секогаш да ја насмее публиката, кога станува збор за неговите професионални ангажмани секогаш е подготвен да зборува.

Сашко Коцев нескромно може да се каже дека е омилениот македонски актер, па затоа кога му се случува нешто ново на приватен и професионален палн, тоа секогаш предизвикува внимание и рекации од јавноста, односно неговите бројни фанови.

Коцев неодамна ја доби наградата за најдобар актер на фестивалот за кратки филмови во Бејрут – „Beirut Shorts International Film Festival“. Тој ја доби наградата по неговата улога во филмот „Налепница“:

Во едно неодамнешно интервју за „Бекстејџ“, Коцев вели дека е доста самокритичен и дека за некои работи не очекува награди, па кога ќе ја добие е пријатно изненаден.

„Веднаш е чувство на една одговорност и пред публиката, екипата и пред колегите дека си добил толку и толку награди и тоа треба да го оправдаш“ вели актерот.

Коцев е актер со многубројни ангажмани, настрана тоа што игра во добар дел од репертоарот на матичниот Македонски народен театар, тој снима реклами, има стендап-настапи.

Сашко Коцев често знае да се огласи на социјалните мрежи и во свој стил да каже она што го мисли, кратко и јасно. Така беше и овојпат кога на својот профил на фејсбуку напиша:

-За све примаме донации,само за општински службени возила НЕ.Си ги купуваме.Па и ние имаме гордост бе,та не сме клошари еб аго !

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.