Саша ја има најдолгата коса: Немав време да се шишам и така почна се, ми требаат 2 часа да ја средам, но сам не можам

  • By klaster2
  • февруари 18, 2022
  • 0
  • 596 Views

Саша Николиќ од Марковац близу Велика Плана, никако не може да се догвори со својот бербер за датумот на потстрижување.

Со ваква долга коса не можете да сретнете ниту девојка, а камоли момче, со коса долга над метар и пол, велат од ,, Курир тв”

Последен пат тоа се случило пред повеќе од една деценија. Сепак, Саша до ден денес не ја скратил косата. Последица или – подобро кажано – неверојатен резултат од тоа е коса подолга од метар и половина.

– Сосема случајно почнав да ја пуштам косата. Никогаш порано не сум имал долга коса. Немав време да се шишам. Имаше доцнење на бербер и така почна се – изјави Саша Николиќ.

Неговата тај на во негата на косата е природен шампон направен од неговиот другар хемичар, кој му помага околу одржување на косата.

– Ми требаат повеќе од два часа за да ја средам косата и не можам сам. Секогаш мора да има некој во куќата да ми помогне.

– Особено при чешлањето тука е мајка ми, сестра ми или тетка ми помагаат, да имам ваква совршена коса со која се гордеам.

Не планира да се шиша, но ако го направи, ќе ја донира својата коса на луѓе бо лни од рак. Според неофицијални информации, Саша Николиќ е личноста со најдолга коса во Србија и околината.

– Можам да кажам дека доста девојки ми подзавидуваат и кога ќе ме видат на улица се вртат по мене и сум во центарот на внимание.

– Некој имаат позитивни критики за ова, додека некој осу дуваат поради ова и мислат дека не одржувам хигиена и слично, додава тој.

– Сепак доста е тешко да се одржува оваа коса, еден прамен не можам сам да го држам. Каде и да се појавам сум главна атракција и луѓето сакаат да се фотографираат со мене.

– Во работата косата не ми претставува проблем, секогаш ја врзувам и внимавам многу на тоа, а кога возам мотор косата ми се вее како грива од коњ, вели низ смеа Саша.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.