Самохраниот татко Иван Трајковиќ живее со децата Маша на четир и Огњен на три години и неговата мајка си во селото Павловац. Иван работел до затворање на фабриката, а сега живее од пензијата на мајка му која изнесува 17.000.
Живеат во не хумани услови и не достојни за 21 век, во куќа која едвај може да се нарече куќа, во сиромаштија до гу ша.
Додека работел Иван ситуацијата и тогаш била те шка, но со неговата плата колку толку ова семејство врзувало крај со крај.
Но по затварање на фабриката се се променило и животот на Иван и неговите мали деца сосема се сменил, а дој е заг рижен за иднината.
– Сам сум, мајка ми ми помага околу децата, тие ми се се на овој свет, незнам што би правел без нив, ми иде да заминам некаде и да не се вратам, но тие ми се мотив да опстанам, вели Иван.
– Децата се многу мали за да тие ми помагаат нешто, а мајка ми е стара и изн емоштена, целиот товар паѓа врз мене, додава тој.
Најнеопходно на ова семејство е шпорет, бидејќи овој што го имаат не е во функција па тие често се пре мрзнати и седат во ладно.
– Шпоретот не е во функција, покрај шпорет потребен ни е и кревет, бидејќи стариот дотраја и повеќе не е функционален, јас се трудам со моите десет прсти да створам но моментално толку ми е силата.
– Секако и да обезбедам шпорет, ќе ми требаат дрва бидејќи тоа што го имам е незначително, а некогаш донесувам дрва и од блиската шума.
Пред нив се веќе зимските денови во кој доколку не добијат соодветно греење, тешко ќе ја поминат оваа зима, на овие повици се јави хуманитарката Тамара Мисирлиќ.
Таа ја сподели нивната приказна на социјалните мрежи и упати апел, до сите хумани граѓани да и помогнат на ова семејство да живее достојно.