Роберт за Божиќ станал милионер, но тој ни денар нема да остави за себе

  • By klaster2
  • јануари 20, 2022
  • 0
  • 380 Views

Роберт Хорват (49), претприемач од Бачка Топола, решил да ги израдува своите вработени за време на изминатите празници и заедно со нив да одигра неколку игри на среќа.

Одвојувајќи по 50 евра наместо секој вработен, купил лоз во вкупна сума од 550 евра и уплатил „Лото“, кое навистино се посреќило.

– Дојдов на идеја да ги израдувам моите вработени во новата година. Одвоив буџет од 50 евра по вработен и за парите од 550 евра купив грепки за ,,Греб Гребке” и уплатив за Лотарија.

Веднаш по Божиќ се собравме заедно сите вработени, ги изгребавме лозовите и дојде добивката – вели овој среќен сопственик.

Кај вработените најпрво преовладуваше неверување, но тие со задоволство се согласија да учествуваат во идејата на нивниот работодавец.

Кога Хорват ги проверил своите добивки во локалната продавница, започнале вистинските празнични веселби. Сепак, Роберт не сака да ја задржи наградата вредна 3.000.000 динари за себе.

-Од освоените пари половината ја делам со вработените. Ги има единаесет. Една четвртина оди за купување нова машина за производството со кое се занимаваме.

– А пак четвртина ќе испратиме во Домот за деца со посебни потреби, да бидеме хумани пред се – рече работодавецот на годината од Бачка Топола.

– Кога имате среќни и задоволни работници се останато ќе оди многу полелсно, многу сопственици го гледаат само својот сопствен интерес.

– Но мора да мислите и за работниците и тие се луѓе, на овој начин сакав да им допринесам да имаат еден поинаков Божиќ со можност за добивка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.