Ристе од Велес се упокои, а неговата последна порака од болница до оние кое не веруваат во вакцина и ковид е силна

  • By admin
  • август 25, 2021
  • 0
  • 34631 Views

Во велешката болница на инфективното одделение утринава на 54-годишна возраст по чина велешанецот Ристе Гиовски, сопственик на стационарот за кучиња Гиовски тим.

Од велешката болница за Батали.нет потврдија дека утрово на одделението за инфективни болести по чинал пациент од ковид-19, не откривајќи го идентитетот.

Ристе Гиовски и беше познат не само на велешката, туку и на македонската јавност како еден од најдобрите дресери на кучиња.

Гиовски пред десетина дена на својот фејсбук профил објави дека се заразил со Ковид-19 и дека е хоспитализиран во велешката болница.

Тогаш тој емотивно се огласи со статус во кој што напиша:

До сите мои фб пријатели ан тиваксери и оние кои велат дека ковидот е лага и не постои.

Епа мои пријатели моментално сум во ковид центарот во Велес и не има неколкумина само за среќа ама не сме знаеле дека нема ковид.

Па не знаеме од што лежиме зошто се препотуваме по неколку пати на ден зошто не бо лат коските мускулите половината,главата зошто понекогаш повра ќаме и имаме висока температура.

Па некои се прават мангупи ставаат маски и нон стоп се под кислород. Па да се организирате бидеејки Велес е во центарот на Македонија да не посеттите и да дојдете тука а ние ќе излеземе ќе ве пречекаме како што е редот.

Ќе се изгушкаме ако треба и ќе се избациме се разбира без маски што има таа да не раздвојуваа. Дел од вас ќе внесеме во ковид центарот ќе ве прошетаме ќе го видите нашиот културно забавен живот.

Ќе ве послужиме со сокче, водичка овошје, ќе ве запознаеме со овие уициве космонаутиве и како веќе ги нарекувате и ќе видите колку се глупи оти нон стоп трчаат негде по собите.

Ако викнесш сестро одма доаѓаат немжеш да слушнеш ,,пауза“ или пак да ги видиш да седат кафе да пијат и кога ќе дојдат над тебе за инфузија или сличо ќе слушнеш дека едвај дишат, дури полош оод нас заболените.

После тоа ќе ве испратиме како што доликува и ние ќе продолжиме да си играме ковид центар уициве ќе не лечат. ние ке си лежиме оти друга работа немаме. Многу ќе ни значи Вашето присуство еве во недела ве очекуваме.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.