Ременски: Не знам што е финтата во кафана да јадат летна манџа, а дома да бегаат од пржено со пиперки, патлиџани и лукче

  • By admin
  • јуни 4, 2022
  • 0
  • 497 Views

Фросина Ташевска Ременски сите ја знаеме како македонски политичар и поранешен министер за труд и социјална политика која веќе неколку години не е на некоја функција.

За политичарите општо познато важи дека станува збор за луѓе во фотеља кои работат фини нешта, но Ременски е сосема нешто поразлично.

Ременски изминатиот период преку социјалните мрежи често споделува што прави на природен план. Најчесто тоа е време минато во природата во Малешевијата каде што одгледува со својот сопруг овошје и зеленчук.

Ременски се почесто може да ја видиме во нива со гумени чизми и работна облека како се занима со некоја земјоделска работа и тоа не е ништо ново.

Освен тоаа поранешната министерка често е и во кујна каде готви традиционални македонски јадења, често со продукти кои самата ги произведува.

Она што го работ, како на нива, така и во кујна, Ременски го документира со фото и потоа го објавува на социјалните мрежи за кои исто така пронаоѓа време.

Така беше и овојпат кога се огласи од Ратево и во оваа прилика таа на својот профил на фејсбук напиша:

Не знам што е финтата во кафана за доручек да јадат летна манџа, а дома да бегаат од пржено со пиперки, патлиџани и лукче. Плус парче сирење за двајца околу 1000 денари.

Проблемот не е кафанското мени, туку односот кон традиционалниот македонски доручек (пиперки со урда, пиперки со јајца, патлиџан и пипер) во кафана и дома, или “ср амот” (некој) да каже дека дома јадел пржено со лукче и несрамот да се каже дека јадел летна манџа во кафана.

Странски кујни изградија брендови на едноставни јадења кои кај нас се јаделе децении наназад. Затоа не треба никој да се ср ами од таа традиција која е присутна во секој дом и секоја втора кафана во Скопје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.