Ребека Јанковска-Ристески важеше за една од најпознатите македонска пејачка, но во последен период таа се повлече од сцената.
Љубовта кон музиката ја има почувствувано многу рано, благодарение на нејзиниот татко Благоја. Првиот посериозен исчекор на музичката сцена го прави во 1989 година, кога со составот Ребека ја снима песната “Недопирлив”. Групата постоела околу една година.
Ребека Јанковска е омажена со познатиот доктор Мики Јанковски со кого имаат три деца: Маркијан, роден во 2006 година, и близнаците Макариј и Доротеј, родени во 2013 година.
Ребеке реши да се огласи на својот профил на фејсбук каде што сподели статус во кој што вели:
Ве носам и ве носев грижливо како кога носиш филџан полн до врвот со кафе за на раат потоа да го исп иеш.
Првиот филџан,си велев, ќе го носам долго овде зашто овде луѓето немаат солзи, а јас одамна веќе сите ги исплакав.
По пат додека го носев ме буткаа од сите страни, ми правеа сопки, а јас со едната рака го носев, а со другата се бранев ,подавав, потставав, градев, носев.
На луѓето им се чинев како карпа, а јас само се држев за молитва и како во јник за своето ор ужје во би тка јас гледав напред и внимавав да не сопнам.
Но, препреките станаа толку многу големи. Денес го изгубивме мајкини тлото под нозете. Денес паднавме, мајкини, на колена.
Останав нема на вашите прашања. Нашите соништа се распаднаа. Долгот кон нашите претци не го исполнивме. Државата ја предадоа.
Тие што зборат за вашата, нашата иднина ве лажат.Без достоинство не сме ништо. Без достоинство сме црна дупка.
П.С.Се срамам од сите вас мои пријатели, роднини, другари, соработници кои велевте дека работата е завршена и кои никогаш немавте време за Македонија, за вас. До тука било. Ме разо чаравте. Се срамам од вас.