Радмила за другарка и Светле: Ја оправив во животот, а пота ме фрли како салфетка после бришење

  • By admin
  • јуни 12, 2021
  • 0
  • 3600 Views

Дали вреди да вложуваш во пријателства и да им веруваш на луѓето? Дали може да очекуваш дека нема да си изневерен? Секое искуство зборува само за себе.

Сфатив дека секој си гледа за себе и ако му пречип се труди да те отфрли. Имам 27 години и нормално не сум баш искусна кога се работи за животни прашања.

Мојот живот сега почнува и знам дека има уште многу да учам. Не е исто како кога бев мала и со другарките ќе се скаравме за ситници кои тогаш ни изгледаа доволно големи за да бидеме скарани ден-два, но потоа се прелутувавме.

Сега се работи за прашања што многу значат и тешко е да се помине преку кавга или неверство. Колку и да не сакам морам да си признаам дека мојата другарка и од скоро колешка буквално ми заб оде н ож в грб.

Отсекогаш сум била спремна да им помагам на другите, уште од училишните клупи кога им требало помош на другите деца. Другарка ми покрај мене се научи убаво да чита, и давав да препишува домашни задачи, и поткажував на час..сега не знам дали треба да се каам за тоа или да се свестам дека не е се така розево во животот.

Луѓето забораваат што сте сториле за нив. Што е најтрагично, преку мене ја доби сегашнава работа. Ме молеше да зборувам со директорот, да и фаќам врски за да се осигура дека ќе ја вработат.

Многу и било мило што ќе сме работеле заедно, доста и било да биде продавачка. Јас работам во фабрика во погон за производство како тим-лидер. Неколку години работев на машина, а потоа ме унапредија.

И бидна што бидна, му прозборев на шефот, си дојде девојчето на интервју и си заврши работа, ја примија. Си работеше редовно и чесно. На почетокот и требаше многу помош.

Јас ја запознав со многу искусни колешки кои и помагаа во работењето, за секое прашање јас бев тука да и помогнам. Не и се допаѓало да работи на таа машина, ајде Радмила реагирај и оп ќе ја сменат на друга.

Не и се допаѓале некои колешки, ајде Деспина смени ги нив на други машини..и така скоро цела година. Кога сака слободен ден, која смена сака, буквално сè и беше удоволено.

Е арно ама, другарката си сакала унапредување, а тоа не се случува преку ноќ. Почна да ја нервира тоа што јас сум и била надредена, јас и давам работа, правам списоци и нормално земам некоја илјадарка повеќе, па сфатив дека едвај чекала нешто да се случи. Ми се случи еднаш една невнимателна грешка.

Правејќи ги списоците неа сум ја запишала во ден кога требало да биде слободна. Таа не дојде на работа тогаш и веднаш и дошла опомена дека ќе и скратат од плата затоа што не известила на време.

Толку беше збесната и нервозна што дојде пред цел погон и буквално ме направи лом. Толку се засрамив што во моментот мислев отказ да си дадам.

Уште полошо заминала кај шефот и сè и сешто му изнакажала за мојата неспретност, невнимателност, не сум знаела да ја работам работата, сигурно сум била унапредена на друг начин..ме викнаа и мене на разговор и почна да измислува и друго работи кои демек претходно ги криела за да не ми наштети, но сега веќе и прекиснало.

Како можеше такви глупости да измислува? И тоа само за унапредување. Зошто на таков нечесен начин мора да се дејствува? Баш од човек од кој воопшто не очекував.

Ама и успеја, и покрај моите докази за мојата чесна работа повторно ме вратија на машина. И нејзе не ја унапредија, само и ветија дека ќе се случи понатаму како знак на благодарност за пријавата.

Испадна дека мојот досегашен труд во таа фабрика, мојот однос со колегите бил залуден и не се цени. Колешките ме знаат каква сум, но сите се плашат за работните места и не смееја да се побунат.

Со другарката сум завршена, ни збор не и прозборев од тогаш и веќе активно барам друга работа. Ако не најдам подобра работа, ќе си останам и ќе ја докажам мојата вредност. Пазете се од луѓе кои подмолно работат, нема ни да забележите, а тие ќе ве уништат. Учете малку и од туѓо искуство.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.