Раде Шербеџија има големо семејство – една од ќерките глумеше и на македонски

  • By admin
  • ноември 25, 2021
  • 0
  • 341 Views

Познатиот актер Раде Шербеџија може да се пофали со големо семејство. Тој има еден брак зад себе со Иванка Церовац, a сега е во брак со Ленка Удовички и има пет деца – четири ќерки и син.

Фамилијата Шербеџија е во уметничките води, што е некако логично ако се земе предвид фактот средината во која тие пораснале како деца. Единствена ќерка на Шербеџија која не се нурна во уметничките води е Вања Шербеџија

Претходно Раде бил во брак со балерината Иванка Церовац, со која има уште две деца Луција и Данило. Луција е најстарата ќерка на Раде и денес таа има 48 години.

Луција Шербеџија играше во филмот „Ослободувањето на Скопје“, а овој филм беше изработен под режисерската палка на Раде и Данило Шербеџија.

Во интервју од тој период, Луција говореше за предизвиците со кои што се соочувала за време на снимањето на овој филм.

„Долго и темелно се подготвував за таа улога. Со оглед на тоа што играм Македонка која во филмот во повеќе наврати говори и на германски јазик, морав пред сѐ да работам на тие јазици, а ниту еден од нив не го знаев.

Бев во Скопје на 5 месеци пред снимањето и таму поминав одредено време за да го научам јазикот и да се запознаам со менталитетот, во што најмногу ми помогна мојата филмска сестра, исклучителната актерка и личност, Силвија Стојановска“ – рече тогаш Луција,

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.