Компаниите од еврозоната станаа толку о чајни во потрагата по работници, особено во многу бараните професии како што е ИТ секторот, што воведоа парични бонуси за одредени фази од процесот на селекција.
,,Фајненшл тајмс” го наведува примерот на една германска брзорастечка осигурителна компанија чиј основач Стефан Кнол смислил досега незамислив начин за привлекување потенцијални работници.
Тој им нуди 500 евра на кандидатите чии биографии тој ги издвојува доколку дојдат на првото закажано интервју за работа.
Преминувањето во вториот круг интервјуа носи уште 1.000 евра, а успешното завршување на шестмесечниот пробен период компанијата Кнол го наградува со дури 5.000 евра.
“Посебно е тешко да се најде некој со ИТ вештини. Ние се натпреваруваме со гиганти кои лесно можат да вработат стотици професионалци од целиот свет.
Сепак, не сме заинтересирани за работници од Индија и некој многу далечни земји сакаме луѓе од овде , од Франкфурт“, вели Кнол.
Неговиот необичен пристап кон вработувањето покажува колку недостигот на работна сила се проширил во Германија, но и во остатокот од Европа.
Работници недостасува и во здравството, градежништвото… И на угостителите им е тешко да најдат работници, пред се поради неизвесниот правец на пандемијата, што ги прави овие работни места особено несигурни поради можните нови епидемиолошки мерки.
Истражувањето меѓу германските компании спроведено од развојната банка КФВ и Економскиот институт ИФО покажа дека 43 отсто од нив имаат проблеми со недостаток на квалификувана работна сила.
Во Франција и Белгија 54 отсто од услужните компании имаат проблеми со вработувањето, што е најмногу од 2000 година.
Сепак, земјите од еврозоната сега имаат можност да ја намалат невработеноста, која е еден од најголемите економски проблеми во областа од претходната кр иза во 2008 година.