Пристигнаа неповолни вести за македонските иселеници во Австрија и Швајцарија

  • By admin
  • август 31, 2021
  • 0
  • 4467 Views

Неповолната епидемиолошка состојба во земјава ги затвори европските граници за македонските патници. Европската унија ја ажурираше листата на земји кои се безбедни за патување, а од неа ја исфрли Македонија, заедно со Косово, Црна Гора, Израел, Либан и САД.

ЕУ им препорача на 27-те земји членки да ги вратат ограничувањата за туристите од овие држави поради зголемената инфекција со корона ворусот.

Mакедонските граѓани кои ќе сакаат да влезат во некоја од земјите членки на ЕУ ќе подлежат на строги гранични контроли, како што се тестови за коронавирус па дури и карантин.

Свдабите и семејните прослави на кои не се почитуваа мерките и протоколите не ги наполнија само болниците во Македонија туку и оние во Швајцарија и Австрија.

Стотици печалбари кои одморот го имаа во Македонија се вратиле позитивни во овие држави, покажуваат анализите на тамошните здравствени власти.

Голем број печалбари од западноевропските земји кои летото го минаа во Македонија, се вратиле назад позитивни на коронавирус покажуваат анализите и статиските на австриските и швајцарските здравствени власти.

Свадбите, семејните прослави и масовното непочитување на мерките и протоколите го сторија своето па покрај болниците во Македонија се полнат и тие во Австрија и Швајцарија.

Повеќе од две третини од повратниците од одмор од Западен Балкан се позитивни на коронавирус, соопшти австриската Агенцијата за здравство и безбедност на храна (АГЕС).

Најголем број „увезени“ случаи се од Македонија – 866 а потоа е Косово од каде се регистрирани 799 случаи. Следи Хрватска со 683 случаи на повратници заболени од Ковид и Турција од каде дошле 662 позитивни печалбари.

За само една недела во Австрија бројката на заболени се зголемила за две и пол илјади а 40 отсто до нив се повратници кои биле на одмор во матичните држави.

Во Швајцарија пак најголем број од околу 200 пациенти кои во моментов се наоѓаат на интензивна нега во тамошните болници имаат миграциско потекло. За околу 40 отсто од заболените е позната локација на заболување и во четири од пет случаи станува збор за Косово или Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.