За само неколку часа од објавувањето, на веб-страницата на која државјани од Западен Балкан може да аплицираат за работна виза во Германија имало над 50 000 прегледи, објави вчера германската Амбасада во Скопје на својот Фејсбук профил.
Како што е познато од 1 септември во Германија започна последователна регулатива на таканаречената Регулатива за Западен Балкан.
Добро познато е дека од година во година се повеќе Македонци се решеваат да се иселат во Германија во потрага по подобар живот.
Причина за ова се добриот стандард како и правата на работникот кои што ги ужива во Германија.
Германски „Билд“ тврди дека владеачката коалиција ЦДУ / ЦСУ и СПД се договориле да им дадат можност на работодавачите во одредени компании и институции да прашаат за статусот на вакцинација, како и да не вработуваат невакцинирани лица, односно да ги префрлат на друга работна позиција.
Ова произлегува од документот испратен од владејачките партии до Комисијата за здравствени прашања, кој ќе го проследи до Бундестагот следната недела.
Во документот, тврди весникот, се наведува дека статусот на вакцинација може да се користи како објаснување за одлуката во врска со работниот однос, како и видот и начинот на вработување.
Новата можност, дадена на работодавачите, треба да биде во сила се додека трае вонредната ситуација со корона, која Бундестагот ја продолжи на три месеци минатата недела.
Инаку, овие правила треба да важат првенствено за клиниките, ординациите на докторите, градинките, затворите, домовите за стари лица и стари лица, како и институциите.