Познатите македонски музичари: Никогаш не верувавме дека може да издржиме во “брак” цели 20 години

  • By admin
  • октомври 5, 2022
  • 0
  • 262 Views

Музичкото дуо ДНК, поточно Панчо и Андреј се огласија на својот профил на фејсбук каде што напишаа: Пред точно 20 години започна еден тинејџерски сон наречен ДНК.

Тогаш бевме млади, полни со енергија и ентузијазам, но никогаш не верувавме дека може да издржиме во “брак” цели 20 години.

Тогаш ниту приближно не бевме свесни колку е тешка оваа професија, иако нам ни изгледаше дека е едноставно како песна.

Премногу сопки, неправди, хе јтери, лажни пријатели и аjкули кои по секоја цена сакаат да те бутнат и на некој начин да те ома ловажат.

До ден денес како и на самиот почеток, наша љубов е музиката и така ќе остане засекогаш. Да знаевме колку е тешко на почетоците, и да бевме свесни дека секогаш ни требаше да вложиме тродупло труд од останатите да се докажуваме за да заслужиме респект и почит од од новинари, колеги, медиуми и што е најбитно публиката, не верувам дека ќе се решевме ова да ни биде примарна работа во нашите животи.

До ден денес се докажуваме, но сега веќе пред самите себе и единствено пред публиката која од секогаш сме ја сметале за главен, реален и безгрешен критичар.

Од оваа перспектива гледано наназад, можеби и затоа се уште сме тука и се уште сме активни на нашата (каква таква) поп сцена.

Најбитно од се е дека навечер мирно спиеме бидејќи се што сме направиле е направено исклучиво од нас самите без никаква поддршка од родителите (не биле во состојба да ни помигнат финансиски), менаџери или богати пријатели.

Целиот досегашен успех го должиме на Вас, публиката која безрезервно не подржувате низ сиве овие години и на нашиот трет член, скромното дете кое доаѓа од Тетово, Лазар Цветкоски на кој сме му толку многу должни што уште два пати да се родиме нема да може да му се оддолжиме.

Ниту во најубавите соништа не сме можеле да сонуваме дека ќе дочекаме 20 години, кои заеднички ќе ги прославиме во арената “Борис Трајковски” на 3ти декември. Тоа Ви го должиме на сите вам кои сте со нас од самите почетоци.

Без разлика дали ќе има 100, 500, 1000, 5000 или 10.000 од срце ќе пееме за сите оние кои ќе бидат присутни таа вечер. Ве поздравуваме, и со нетрпение го очекуваме 3ти декември за да ја славиме песната, љубовта и животот.

Фала ви за се.Ваши, Панчо и Андреј 20ГодиниДНК Арена “Борис Трајковски” 3.12.2022

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.