Познатиот македонски музичар прашува: Дали некој во Македонија успеал да истурка цел месец со платата и да му остане вишок

  • By klaster3
  • јули 28, 2022
  • 0
  • 311 Views

Ако некој бенд со години, поточно две децении, успешно опстојува на македонската музичка сцена, тогаш тоа со сигурност е ДНК.

ДНК е една од најпознатите македонска поп група основана во далечната 2002 година. Членови на групата се Владимир Блажев – Панчо и Андреја Ѓорѓиески – Андреј.

Како артисти со претходно музичко искуство и образование ( Андреја има завршено нижо и средно музичко училиште и е студент на Музичката Академија во Скопје) се одлучуваат по кариерата во групите ТНТ (Андреј) и ОК Бенд (Панчо) да започнат заедничка кариера во 2001 година кога го пуштаат првиот сингл на ДНК- Девојка за везден за кој снимат и видео запис.

Вториот сингл „ Благодарам однапред“ станува евергрин во македонската музичка ризница и освен на првиот албум „Пази дете“ кој ДНК го издаваат во 2005 година, се наоѓа и на новиот албум „Кажано е се“.

Понатаму во годините што следуваат своето музичко искуство Андреј и Панчо го пренесуваат и на други полиња повторно поврзани со музиката.

Панчо стана резидент ДЈ во најпознатите и најголемите македонски и странски клубови, а потоа ја основа Sure Shotz Entertainment agency преку која во Македонија ги донесе најдобрите светски и балкански R&B артисти меѓу кои се: Edo Maajka, Connect, V I P, DJ Oli Doboli и многу други.

Од друга страна пак Андреј стана музички уредник на единствената музичка телевизија во Македонија- К-15 ТВ и продуцент на шоуто „Мојата Ѕвезда“ од кое излегоа многу нови музички таленти.

Бројните музички достигнувања на ДНК се само доказ за нивната успешна работа како дуо чии незаборавни настапи низ целата држава се најпосетени.

Групата пред извесен период ја започна својата турнеја по повод 20 години постоење, па речиси три месеци активно ќе ја забавуваат публиката ширум целата земја.

А како врв на се, во октомври најавија голем јубилеен концерт закажан во арената „Борис Трајковски“ за чии подетални информации фановите ќе бидат навремено известени.

Владимир или познат и како диџеј Шорти важи за човек без влакна на јазикот, па како и многупати претходно, така и сега имаше што да каже:

„Дали некој што работи во Македонија некогаш успеал да истурка цел месец со платата и да му остане вишок? Како треба да се понашаме ако тоа се случи, искуство некој?“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.