Познатиот македонски диџеј: Со 1000ка под рака сакаат да нарачат песна од Тома

  • By admin
  • јануари 9, 2022
  • 0
  • 469 Views

Диџејот Марјан Петровски Мац е еден од нашите јавни личности кои секогаш прави хумани дела. Марјан има учествувано во многу акции за собирање храна, и има пуштано музика на многу хуманитарни забави.

Мац, кој e по професија лаборант, поради состојба со вирусот во музичката индустрија ѝ се врати на својата примарна професија.

Лаборант сум добри десет, единаесет години. Потоа, пред шест години се повлеков од медицината, бидејки музиката многу ме исполнуваше и навистина одлично се чувствував, бидејќи нели најубавата работа е онаа која ја сакаме најмногу и не исполнува премногу“, кажа во едно интервју и додаде

-Но ете , пандемијата си го направи своето. Една врата ми се затвори но друга ми се отвори, и ѝ се вратив повторно на медицината, бидејќи тоа го знам, тоа го учев, секако дека и медицината е дел од мене и секако дека си ја сакам многу.

Едноставно немав избор, и ете така требало да биде. Овој долг период кој веќе трае и не можам да пуштам музика, ја заменив со бо цкање“.

Пријателите, а и оние кои не го познаваат, а само го следат на социјалните мрежи, го засакаа поради неговиот оптимизам.

Пред некој ден тој повторно се огласи на својот профил на фејсбук каде што сподели со каква случка се соочил:

Има и такви со спремна 1000ка под рака .. и према мене со нарачка на песна од Тома. Се е супер .. ама нели тоа се прави на свадба,кафана.. па на пеачот ???

Некои работи не се купуваат со пари. Сакам да кажам не одете на диџеј што не пушта српско,не си ја упр опастувајте вечерта . И не можеш да очекуваш од Тома да ја слушнеш “Drop it like it’s hot”

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.