Пејачот Спасен Силјаноски до колегите: Кафе можеме да пиеме секој ден, но Македонија можеме да ја одбраниме единствено сега

  • By admin
  • јули 8, 2022
  • 0
  • 383 Views

Човек со мелодичен глас и секогаш со насмевка и позитивна енергија е нашиот фолк пејач Спасен Силјаноски.

Потекнува од с.Пополжани Кичевско, за кое вели дека е најубавото местенце во Македонија. На 4 години веќе целосно ја пеел познатата песна „Крушево абер пристигна“, а на својот шести роденден ја добива првата хармоника која до денес ја чува како сувенир.

Се смета за човек без влакна на јазикот, признава дека често знае да ги крити кува полити чарите кога не се во право и на некои не им е баш омилен.

Па така, деновиве кога се актуелни протестите на народот против францускиот предлог за Македонија конечно да отпочне со преговорите за влез во ЕУ, пејачот Спасен имаше што да им каже на своите колеги:

„Ги повикувам сите мои колеги, пејачи, музичари, автори, продуценти, диџеи.Сите оние кои имаат било каква врска со музика.

Одвоете бареме еден ден во овие криз ни и пон ижувачки моменти за нашата татковина, да излезиме заедно на мирни протести и да кажеме НЕ на ништожниот француски предлог.

Кафе можеме да пиеме секој ден, но Македонија можеме да ја одбраниме единствено сега….. Патриотизмот и љубовта кон нашата татковина треба да го покажеме со дела, а не само со песна.

Сега е моментот да им покажеме на нашите деца дека ние сме Македонци и засекогаш така и ќе останеме. Зарем ќе се плашиме и ќе се страмиме да ја браниме нашата татковина, зарем не смееме и ние еднаш да сме горди на нашите дела и на нашата мајка Македонија.

Знам дека многу ке не плукаат, ке не навре дуваат, но бидете истрајни времето ќе покаже кој бил на вистинската страна. Направете вашите деца да бидат горди на вас и на вашата генерација.

Бидеќи сега е моментот дали ќе не има или ќе не нема… Јас мислам дека не имало и ќе не ИМА.Со почит драги колеги, Спасен Сиљаноски.

п.с. Запомнете нее страм да сте патриот и да си ја браните татковината, страм е да сте пред авник… Ние не сакаме ништо туѓо, сакаме само да си го зачуваме она што е наше ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА“, напиша пејачот на Фејсбук.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.