Пејачката Елена Јовчевска мораше да се вработи – откри што работи веќе еден месец

  • By admin
  • март 17, 2021
  • 0
  • 3080 Views

Недостигот на музички настапи, концерти, свадби и веселби една година ги остави музичарите без основната егзистенција.

Во потрага по заработка која и понатаму за жал е недостижна на полето музика поради пролонгирањето на ковид пандемијата дел од македонските музичари почнаа да работат и заработуваат од други професии. Угостители, продавачи, економисти.

Драган Василески фронтменот на групата „Камелон“ вели секој е принуден да се снаоѓа како знае и умее само да ја надмине криз ата. Најтешко вели им е на оние на кои единствен приход им е музиката.

Истото искуство го споделува и музичарот Владимир Богески од музичката група Тајфата. Заедно со музичарите штети трпат фотографите, угостителите, кетеринг службите.

Цел еден синџир на мали бизниси се директно поврзани со недостигот на музичките настапи, свирките свадбите семејните веселби. Во многу лоша состојбата се и фотографските студија, особено оние кои исклучиво работат со свадби.

Меѓу музичарите кои запливаа во други професии поради актуелната состојба е и пејачката Елена Јовческа.Таа пред месец дена се вработила како економист во приватна фирма.

„Јас си пронајдов друга работам. Работав веќе скоро еден месец во прекрасна фирма каде ме прифатија одлично. Јас сум дипломиран економист, финансиски менаџмент. Тешко ми е без музиката зошто секогаш јас лично сум кажувала дека Елена Јовчевска пее затоа што ја сака својата работа и затоа што ужива.

И кога на некој човек ќе му го скратиш она што го работел и вложувал 10 години во тоа, се трудел да направи нешто, а тоа е музиката и нашите песни е многу тешко да се прилагодиш да не го работиш тоа веќе една година, изјави таа за ТВ 24.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.