Во последниве години се повеќе се соочуваме со недостиг на стручен и квалификуван кадар од повеќе занаети – молери, столари, плочкари, водоводџии, чевлари и многу други.
Меѓу главните причини се недоволниот интерес за професии од областа на занаетчиството, но и тоа што голем дел од нив се селат во странство каде што се повеќе платени.
На пример, според последните информации од луѓе кои се занимаваат со лепење плочки, цената за еден квадрат се движи од 10 до 20 евра.
Сепак, се уште постојат и млади надежни луѓе кои го избираат занаетчиството како занимање и гледаат иднина во таа работа.Една од нив е петнаесетгодишната Нивес Врбанек од Сисак
Таа е првата девојка која се запишала на насоката за лепење керамички плочки во основното училиште во Сисак.
„Сакам на сите да им покажам дека тоа не е само машка работа, би сакала еден ден да се занимавам со овој занает“, вели Нивес.
Пример зема од татко и чија струка одлучила да ја наследи, а нејзината мајка Матеа се занимава со чевларски занает.
„Децата од одделението веднаш ме прифатија и супер се сложуваме“, изјави оваа вредна девојка Нивес за 24сата.хр.
Според она што го кажува, иако е вредна и паметна и сака да го работи тоа, тешко било да најде пракса надвор од училиштето – не ја примиле затоа што е жена.
Единствениот кој и дал шанса за пракса е градежникот Марко Блажевиќ кој изјави дека иако е девојка одлично се снаоѓа во работата.
„Жал ми е што во општеството се уште постои таква стигматизација во врска со машки и женски професии“, изјави Блажевиќ.