Папас Џокси: Денес нема време да се каже убав збор, како роботи сме

  • By klaster2
  • април 27, 2022
  • 0
  • 465 Views

Џина Папас Џокси или Ѓорѓе Васиќ еден од нашите најуникатни пејачи кој со легендарната песна ,,На Велигден” оставил длабок белег на македонскат сцена беше гостин во емисијата Г- Карпет, каде отворено зборуваше за животот и музиката.

Кога е еден од најголемите христијански празници во прашање, секогаш во пресрет на Велигден покрај се друго, на памет ни паѓа и легендарната песна ,, На Велигден”

Напишана и испеана од македонскиот кантавтор Ѓорѓе Васиќ, попознат како Џина Папас Џокси како што го познава јавноста по негвиот уметнички прекар.

Но, со текот на годините „На Велигден“ испадна дека не е само синоним за Џокси… Прв кој го преработи неговиот евергрин беше тогаш младиот Ламбе Алабакоски, кој во свој стил ја направи песната уште попозната.

По него уште само една наша изведувачка ја преработи песната а тоа е Пепа Димитрова, односно таа ја претстави песната во една женска верзија.

Токму креаторот на оваа песна и човек кој долги години е на македонската сцена отворено зборуваше за времето во кое живееме, како и за сите позитивни и негативни страни.

– Во денешно време по видливо е дека се слават празниците поради социјалните мрежи, каде се објавува се и сешто, но традицијата е таа и не се променува.

– Се сеќавам во помлади години кога славевме заедно поголемо семејство соберени, тетин ми ја пееше ,,Земјо Македонска” па полицијата доваѓаше по него. Немавме толку слобода.

– Денес се повеќе живееме турубу лентен живот, немаме време многу за изразуваме емоции, да кажеме добар ден или да прашаме како сте, што правите и слично, како роботи сме.

– Дали тоа било на соседите или некој друг, константно брзаме негде. Секоја чест на тие што знаат да се изолираат и да ја стават љубовта пред себе.

– За да можат да црпат енергија и инспирација. За жал во такво време живееме и нема кој да ја прими љубовта, вели Папас Џокси пред камерите на ,,Г-Карпет”

Инаку Џинас Папас во емисијата беше пофален и за изгледот и запрашан за неговите години а тој воопшто не ги криеше и гордо кажа дека има полни 64 години.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.